ZEISS BlueGuard стакла

Главоболка, заматен вид, суви oчи или пецкање на очите?

Ова се вообичаени реакции на напрегање на очите и најчесто се предизвикани од продолжена употреба на дигитални уреди.
Таблетите, паметните телефони и компјутерите испуштаат несразмерно количество сина светлина што предизвикува замор на очите за разлика од кој било друг вид активност.

Сепак, новата генерација на стакла за заштита од сина светлина конечно е тука!

Заштитната функција на претходниот ZEISS (третманот Blue Protect) овозможи блокирање на сината светлина со нанесување на заштитен слој на стаклата, кои потоа ја филтрираат сината светлина.

Со формулата BlueGuard, својствата за блокирање на сината светлина сега се суштински дел од хемијата што се наоѓа во самиот материјал на стаклата.

Со вграден материјал за заштита од сина светлина во самото стакло, Zeiss Blue Guard стандардно доаѓа со Zeiss Dura Vision Platinum слој кој содржи нежна сина антирефлексна обвивка, која прави очите да бидат повидливи позади стаклата.

Вашите предности:

  • Удобност – тие се создадени со цел да се реши проблемот со уморни и чувствителни очи поради се почестата употреба на дигитални уреди.
  • Поголема заштита – штити од потенцијално штетна сино-виолетова светлина и обезбедува целосна УВ заштита.
  • Помал отсјај – го контролира отсјајот, правејќи ја сино-виолетовата светлина помалку иритирачка додека сте зад екранот, но и без него, давајќи му на окото совршено јасен вид.

За повеќе информации за производот, посетете ја официјалната
веб-страница на ZEISS.

ZEISS – Презентација на новото портфолио

Една од најкорисните работи кои можете да си ги овозможите за Вас и за Вашите вработени е едукацијата и поддршката во областа на која работите заедно.

Неодамна добри вести и пријатен пречек во хотелот Лимак во Скопје ги дочекаа сите наши партнери од Македонија кои сакаа да присуствуваат на презентацијата на технологијата Luminance Design, подобреното портфолио на акции на ZEISS како и новата генерација на фотохроматски стакла.

Регионалниот менаџер за обука на ZEISS за Источна Европа – Марио Лекиќ, одржа уште едно одлично интерактивно предавање на кое присутните имаа можност да поставуваат прашања и да разменат меѓусебни искуства.

       

Би сакале да им се заблагодариме на сите што не посетија уште еднаш за фантастичниот одзив и се надеваме дека оваа вечер и за Вас беше корисна и пријатна!

Заедно растеме и учиме.

Ваш Grossoptic.

Среќен роденден Zeiss!

Компанијата ZEISS секогаш настојувала да го обезбеди најдоброто визуелно искуство на своите корисници кои секојдневно се соочуваат со предизвиците кои ги носи новата епоха.

Денес, нејзините вработени, соработници и партнери успешно го прославуваат 175-от роденден, со желба нивната радозналост, посветеност и прецизност да останат главен извор на инспирација.

За повеќе интересни приказни за ZEISS – овото патување низ историјата и предизвиците кои ги носи самата индустрија посетете ZEISS#175.

ZEISS – 175 години иновација!

Дали знаете дека историјата на ZEISS потекнува уште од 1846 година?

Carl Zeiss ја основал работилницата за прецизна механика и оптика во Јенa и со тоа го започнал сопственото производство на микроскоп. Почнувајќи од тогаш, ZEISS групата сукцесивно допринесува за технолошки напредок вклучувајќи ги автомобилската, машинската, медицинската и полупроводничката индустрија.

 

За повеќе интересни приказни за потфатите и иновациите на ZEISS погледнете на ZEISS175th.