ZEISS ClearMind диоптриски стакла

Секојдневно сме изложени на голем број информации и визуелни стимули, поради што се зголемува когнитивното оптоварување, а ни се намалуваат концентрацијата и фокусот.

Бидејќи мозокот обработува сè што гледаме, колку појасно гледаме, толку полесно мозокот ги обработува информациите. Кога видот е заматен и нејасен, мозокот мора да вложи дополнителен напор, при што се зголемуваат когнитивното оптоварување и заморот.

За првпат во историјата, ZEISS, во соработка со Универзитетот во Тибинген, успеа со помош на EEG технологија научно да докаже дека заматениот вид може значително да влијае врз зголемувањето на когнитивното оптоварување.

Со цел да се намалат когнитивното оптоварување и менталниот напор, компанијата ZEISS ги разви офталмолошките стакла ZEISS ClearMind.

ZEISS разви иновативна технологија ZEISS NeurOptix, која со помош на напредна интелигенција ги интегрира принципите на невронауката со цел да го оптимизира дизајнот на стаклата.

Технологијата ZEISS NeurOptix го анализира природното движење на очите и начинот на кој корисникот гледа низ различните зони на стаклата. Врз основа на тие податоци, креира индивидуален дизајн што ја оптимизира распределбата на јасноста, ги намалува заматувањата што го зголемуваат когнитивното оптоварување и овозможува поприроден и поудобен вид со помалку напор.

 

Јасниот вид ни обезбедува удобност и самодоверба и го подобрува квалитетот на нашиот живот.

 

Стаклата ZEISS ClearMind се дизајнирани да го намалат когнитивното оптоварување, без разлика дали станува збор за монофокални, дигитални или прогресивни стакла.

Монофокалните ZEISS ClearMind стакла можат да бидат Monofokal или Monofokal Individual 3 и се создадени со цел да ги минимизираат периферните пречки и на тој начин да го прошират видното поле во споредба со стандардните ZEISS монофокални стакла.

Дигиталните ZEISS ClearMind стакла можат да бидат Digital или Digital Individual 3 и се наменети за корисници над 30 години кои имаат проблеми со видот на близина или далечина, а истовремено чувствуваат напор при фокусирање и читање печатени и дигитални медиуми.

Прогресивните ZEISS ClearMind стакла ги претставуваат најдобрите ZEISS прогресивни стакла. Создадени се со цел да ги минимизираат и оптимизираат периферните пречки, со што овозможуваат пошироко видно поле во споредба со ZEISS прогресивните SmartLife стакла.

Тие се делат на ZEISS ClearMind Progressive Pure, Plus, Superb и Individual 3.

Со ZEISS ClearMind стаклата се обезбедува јасен вид, што придонесува за намалување на когнитивното оптоварување и овозможува поголема удобност во текот на целиот ден.