Овозможете им на Вашите очи одлична заштита, визуелен комфор и естетика!

Дали понекогаш Ви пречи одсјајот на Вашите очила на фотографија? Или пак непријатната рефлексија Ви го одвлекла вниманието за време на важен видео повик? Можеби Вашата професија е таква што бара креативност и реална перцепција на бојата?

Слушајќи ги секојдневните навики и потреби на корисниците, успеавме да ги споиме функционалноста со естетските потреби.

Инспирирани од различните животни стилови, нашата компанија ГроссОптиц го креираше новиот заштитен слој – Achromatic Plus. Основните карактеристики на овој слој се висока транспарентност, намалена несакана рефлексија на површината на стаклото и одличен визуелен комфор на корисникот.

Achromatic Plus е погоден за сите генерации и може да се нанесе на сите индекси и материјали.

За повеќе информации за намената и карактеристиките на производот погледнете ОВДЕ.