featured image Назад на заштитни слоеви

Achromatic Plus

Achromatic Plus е слој кој го штити сетилото за вид и не ја менува естетиката на корисникот. Заштитен антирефлексен слој без боја кој обезбедува висока транспараентност и одличен визуелен комфор на корисникот. Создаден со цел да ги следи трендовите со модерниот начин на живот.

Achromatic Plus заштитен слој кој е одлично решение за професии како графички и веб дизајнер, бидеќи дава реална перцепција на бојата и оштрина на сликата. Несаканата рефлексија е смалена , па овој заштитен слој е погоден за широка примена, ефикасен за јавни настапи , фотографирање, селфи, појавување пред камера.

Збогатен е со антистатични својства кои оневозможуваат лепење на честички прашина и нечистотии. Стаклата со овој заштитен слој , лесно се одржуваат и чистат, а потешко се валкаат.

Поради својата транспарентност е добро решение за боени, фотосензитивни и поларизирани стакла.