ГРОСОПТИК (GROSSOPTIC) ДОО УМКА ЗА ИЗВОЗ-УВОЗ, ПРОИЗВОДСТВО НА ОПТИЧКИ ИНСТРУМЕНТИ, ЛЕЌИ И ОФТАЛМОЛОШКИ ПРОИЗВОДИ, Тринаестог октобра 13, Умка, 11260 Београд МБ: 20710110 ЕДБ: 106939479 (во понатамошниот текст “Гросоптик“ “Ние“ или “Компанија Гросоптик“), во извршувањето на својата активност, собира и обработува податоци за личноста почитувајќи ги сите релевантни прописи, односно Законот за заштита на личните податоци („Службен весник на РС“, бр. 87/2018) како и Регулативата (ЕУ) 2016/679 на Европскиот парламент и Советот од 27. април 2016. година за заштита на поединци во врска со обработката на личните податоци.

Лицето на кое податоците се однесуцаат е секое физичко лице (поединец) или застапник на правното лице чии лични податоци се обработуваат.

Во оваа политика за приватност (во понатамошниот текст „Политика“) е објаснето на кој начин Гросоптик ги собира вашите лични податоци, на кој начин ги користи и управува со нив. Компанијата Гросоптик е посветена на заштита и почитување на вашата приватност, а заштитата и безбедноста на личните податоци на нашите клиенти, купувачи и физички лица кај нашите деловни партнери (во понатамошниот текст „Лица“) е наш приоритет.

Ве молиме внимателно прочитајте ја оваа Политика за да ги разберете сите важни прашања во врска со заштитата на вашата приватност.

 

ЛИЦА НА КОИ СЕ ОДНЕСУВА ПОЛИТИКАТА

Оваа политика, соодветно и во релевантните делови, се применува на лица кои се корисници на сајтот. Гросоптик се грижи за приватноста и безбедноста на малолетниците на Интернет.

Нашиот сајт (https://grossoptic.com/mk) е наменет за пошироката јавност, но не е наменет за лица помлади од 16 години. На лица помлади од 16 години не им е дозволено да ги откриваат своите лични податоци на Компанијата Гросоптик. Доколку сметате дека сме собрале податоци за лица помлади од 16 години, ве молиме известете не на office@grossoptic.mk, без одлагање. Ги советуваме сите родители да ги поучат лицата под 16 години како безбедно и одговорно да постапуваат со личните податоци на Интернет.

 

СОБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Лични податоци се оние податоци што ве идентификуваат (како што се име и презиме, е-пошта, поштенска адреса, работна биографија, итн.). Гроспотик не ги собира вашите лични податоци, освен ако експлицитно не ни ги ставивте на располагање (на пр. при пополнување формулар за контакт, испраќање работна биографија или од некоја друга причина), со што се согласувате односно давате дозвола за нивна употреба.

Ние, исто така, собираме податоци што се генерираат автоматски кога лицето на кое се оснесуваат податоците го користи сајтот https://grossoptic.com/mk . На пример, информациите за IP адресата и локацијата на корисниците на сајтот автоматски се собираат на серверот.

Гросоптик ги обработува личните податоци на кандидатите за вработување во Компанијата Гросоптик со цел да се усогласат нивните вештини, искуство и образование со конкретни работни места во Компанијата. Овие податоци се проследуваат до надлежното раководство во секторот за вработување, како и до лицата кои одлучуваат кој кандидат ќе биде поканет на разговор за работа. Ако кандидатот е поканет во наредните фази за време на процесот на вработување (следниот круг разговори, итн.), Компанијата Гросоптик ќе собере дополнителни Податоци од кандидатот. Податоците од пријавата за конкурсот се обработуваат исклучиво заради селекција и вработување на кандидати.

Податоците што ги собираме се податоците содржани во CV-то и мотивационото писмо, кои ќе ​​решите да ни ги доставите.

Предуслов за секое собирање лични податоци на лицето на кое се однесуваат податоците е постоење соодветна правна основа заснована на законски прописи.

 

БЕЗБЕДНОСТ

Гросоптик д.о.о. вложува големи напори за да се обезбеди сигурност на личните податоци и усогласеност со важечките прописи за заштита на податоците. Сакаме да напоменеме дека вашите податоци ќе бидат совесно заштитени од губење, уништување, манипулација, неовластен пристап и неовластено издавање. Нашите вработени се должни да ја почитуваат доверливоста на вашите податоци и да се придржуваат кон важечките прописи.

 

СОБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ КОГА ГО ПОСЕТУВАТЕ НАШИОТ ВЕБ САЈТ

Кога го посетувате и користите нашиот веб сајт само за информативни цели, односно ако не го пополните формуларот за контакт или не ни дадете информации на кој било друг начин, ние ги собираме само оние лични податоци што вашиот пребарувач ќе ги пренесе на нашиот сервер и кои се технички неопходни за да ви го прикажеме нашиот веб сајт и како би можеле да ви гарантираме стабилност и безбедност.

 

ПОЛИТИКА НА КОРИСТЕЊЕ И СКЛАДИРАЊЕ КОЛАЧИЊА (HTTP cookies)

Нашите интернет страници што ги посетувате користат колачиња. Колачињата се мали датотеки што се привремено зачувани на вашиот хард диск, што и овозможува на нашата интернет страница да го препознае вашиот компјутер следниот пат кога ќе ја посетите веб страницата на Компанијата Grossoptic.

Следниот пат кога ќе го посетите нашиот веб сајт на истиот уред, информациите зачувани во Колачињата подоцна ќе се пренесат или на нашиот веб сајт („Колачиња од прва страна“) или на друг веб сајт на кој припаѓа Колачето („Колачиња од трета страна“).

Ние ги користиме овие информации за да можеме да го дизајнираме и прикажеме веб сајтот на оптимален начин според вашите желби. Во таа смисла, само колачето се препознава на вашиот уред. Покрај тоа, вашите лични податоци ќе бидат зачувани само со ваша изрична согласност или доколку е тоа неопходно за да ја користите услугата што ви е понудена и каде што сте пристапиле.

Овие алатки може да собираат и складираат технички податоци како што се колачиња, IP адреса на корисникот и/или посетителот, идентификатор на мобилниот уред, информации за пребарувачот и слично, но тие не го идентификуваат лицето. Колачињата што се складирани се користат за аналитички и статистички цели и за да овозможат подобро корисничко искуство.

Во оваа смисла, колачињата можат да бидат трајни колачиња што остануваат зачувани на компјутерот на корисникот дури и по посетата, и привремени колачиња што се чуваат само за време на посетата на страницата, по што тие автоматски се бришат.

 

КАТЕГОРИИ НА КОЛАЧИЊА

Во овој дел, ве информираме за видовите колачиња што ги користиме, а кои ви помагаат при навигација и при користење на веб сервисот.

Веб сајтот на компанијата Grossoptic ги користи следниве типови колачиња, чиј обем и функционалност се објаснети подолу:

• строго неопходни колачиња;

• колачиња за функционалност и перформанси;

• колачиња базирани на согласност (на пр. маркетинг);

• колачиња од „Трета страна“ (веб аналитика);

• други колачиња.

Дополнителни информации за видовите Колачиња што се користат на овој веб сајт може да се најдат подолу во оваа Политика на приватност.

 

1. Строго неопходни колачиња

Строго неопходните колачиња гарантираат функционалности без кои не можете правилно да го користите нашиот веб сајт. Овие колачиња ги користиме исклучиво ние и затоа тие се колачиња од „Прва страна“. Ова значи дека сите информации зачувани во овие Колачиња ќе бидат вратени на нашите интернет страници.

 

2. Колачиња за функционалност и перформанси

Колачињата за функционалност овозможуваат нашиот веб сајт да складира веќе доставени информации (како што е изборот на јазик) и можат да ви понудат подобрени и персонализирани функции врз основа на тие информации. Овие колачиња собираат и складираат само анонимни податоци за да не можат да ги следат вашите движења на другите веб сајтови.

Колачињата за перформанси собираат информации за тоа како се користат нашите Интернет страници за да се подобри нивната атрактивност, содржина и функционалност. Овие колачиња ни помагаат, на пример, да утврдиме дали и кои страници на нашиот веб сајт се посетени, и за кои се особено заинтересирани корисниците на содржината. Особено, ние го евидентираме бројот на посети на веб сајтот, бројот на посетените страници на веб сајтот, времето поминато на нашиот веб сајт, редоследот на посетените страници, кои поими за пребарување ве донеле кај нас, земји, регии и, доколку е применливо, градот од каде што се пристапува и уделот на мобилни уреди што пристапуваат до нашите интернет страници. Исто така, бележиме движења, кликнувања и прелистувања со компјутерско глувче за да разбереме кои области на нашиот веб сајт се од особен интерес за корисниците. Благодарение на тоа, можеме да ја прилагодиме содржината на нашиот веб сајт специфично според потребите на нашите корисници и да ја оптимизираме нашата понуда. IP адресата на вашиот компјутер пренесена од технички причини автоматски станува анонимна и не дозволува да донесуваме заклучоци за индивидуалниот корисник.

 

3. Колачиња базирани на согласност

Колачињата за маркетинг цели, како што кажува и самото нивно име, се користат со цел за директен маркетинг во согласност со вашите интереси и интересирања и се користат за бележење на вашите посети на веб сервисот Особено сакаме да ви укажеме на фактот дека информациите собрани преку маркетинг колачиња може да се споделат со трети страни (на пример, огласувачи) со цел да се подобри таргетирањето и рекламирањето.

 

4. Колачиња од трета страна (веб аналитика)

Овој веб сајт користи Google Analytics, сервис на компанијата Google (“Google”) за анализа на интернет страници.

Google Analytics користи посебна форма на колачиња, кои се зачувани на вашиот компјутер и ви овозможуваат да го анализирате вашето користење на нашиот веб сајт. Колачињата што ги поставува Google Analytics за мерење се колачиња од прва страна, што значи дека вредностите на колачињата за лицата на кои податоците се однесуваат ќе бидат различни за секој купувач (т.е. не постои единствен ID на колачиња на Google Analytics што се користи на сите веб сајтови што користат Google Analytics). Информациите за вашето користење на овој веб сајт добиени преку колачиња генерално се пренесуваат на сервер на Google во САД и се чуваат таму.

Google ги користи овие информации во наше име за да се анализира вашето користење на овој веб сајт со цел да се компилираат извештаи за активноста на веб сајтот и за да се обезбедат дополнителни услуги поврзани со веб сајтот и користењето на Интернет. ИП адресата пренесена од вашиот пребарувач во контекст на Google Analytics не се спојува со другите податоци на Google.

Ние користиме Google Analytics за анализа и редовно подобрување на користењето на нашиот веб сајт. Можеме да ја користиме статистиката добиена на овој начин со цел да ја подобриме нашата понуда и да ја направиме поинтересна за вас како корисник. Дополнително, добиваме информации за функционалноста на нашиот веб сајт (на пример, за откривање проблеми при навигацијата).

Можете да го деактивирате Google Analytics преку опцијата за подесување за колачиња на веб сајтот на Grossoptic.

Можете да спречите задржување на колачињата со правење соодветни подесувања користејќи го софтверот на вашиот пребарувач. Дополнително, може да го спречите Google да снима и обработува информации поврзани со вашето користење на веб сајтот кои  се генерирани од колачиња (вклучувајќи ја и вашата IP адреса) и да ги обработува тие податоци, со преземање и инсталирање на приклучокот (plugin) на пребарувачот достапен на https://tools.google.com/dlpage/gaoptout?hl=en.

 

Администрирање и бришење на сите колачиња

Можете да го подесите вашиот веб пребарувач генерално да спречува чување колачиња на вашиот уред и/или да ве прашуваат секој пат дали се согласувате да се овозможат колачињата. Можете исто така да ги избришете повторно овозможените колачиња во секое време. Можете да дознаете како функционира сето ова во детали преку функцијата за помош на вашиот пребарувач.

Ве молиме имајте предвид дека оневозможувањето на некои од колачињата може да влијае на вашето искуство при прегледување.

 

Право на информираност

Тоа подразбира дека имате право да бидете известени и информирани на јасен и разбирлив начин како ги користиме вашите лични податоци и кои се вашите права во овој контекст.

 

Право на отповикување согласност и право на приговор

Имате право да поднесете приговор на начинот на кој постапуваме со вашите податоци, доколку обработката на податоците се заснова на легитимниот интерес на Компанијата Гросоптик. Освен тоа, имате право во секое време да упатите приговор  на обработката на вашите податоци со цел на директен маркетинг, што вклучува профилирање до степен до кој е поврзано со таков директен маркетинг.

Ако обработката на податоците се базира на ваша согласност, можете да ја повлечете вашата согласност во секое време.

 

Право на исправка и право на заборав

Сите податоци што ги обработуваме се прегледуваат и верификуваат како точни, секогаш кога е тоа можно и редовно се ажурираат. Ако сметате дека податоците се неточни или ако дојде до нивна промена, имате право да побарате од Компанијата Гросоптик да направи корекција на вашите податоци.

Имате право да побарате од Компанијата Гросоптик да ги избрише вашите лични податоци, освен ако не постои законска обврска за чување на тие податоци или постои правна основа за одбивање на барање за бришење податоци (на пример, поднесување, остварување или одбрана на законско барање).

 

Контакт за остварување права, услови за користење и поплаки

Имате право да поднесете барање до Компанијата Grossoptic за информација за тоа дали ги обработуваме вашите лични податоци. Ако податоците се обработуваат, имате право да побарате копија од некои или сите лични податоци во секое време.

Вашето барање ќе се реши што е можно поскоро со пополнување на формуларот на страницата КОНТАКТ.

Можете исто така да испратите барање и до следната адреса на е-пошта office@grossoptic.mk.

За сите дополнителни информации поврзани со остварувањето на правата поврзани со Законот за заштита на личните податоци или нашата политика на приватност, можете да побарате со кликнување ТУКА и со пополнување на формуларот за контакт или со испраќање на барање до адресата на е-пошта office@grossoptic.mk .

Можете да се јавите и по писмен пат на адресата: ГРОСОПТИК ДОО УМКА, Тринаестог октобра 13, 11260 Белград.

Секој од овие канали за комуникација мора да им овозможи на нашите вработени да ве идентификуваат во согласност со важечките процедури.

Доколку не се согласуваме со барањето за прибирање податоци, ќе ве информираме во рок од 30 дена за причините за одбивање на барањето и за правото да поднесете жалба до Комесарот за информации од јавна важност и заштита на личните податоци.

Ако вашето барање е евидентно неосновано, а особено ако често се повторува, Компанијата Гросоптик може да ги наплати потребните неопходните административни трошоци за постапување по вашето барање или да одбие да постапува по барањето, во согласност со Законот за заштита на личните податоци.

Можете да дознаете за условите за користење на сајтот и за злоупотребите на користењето на авторските права ТУКА.

 

Поврзани интернет страници

Други интернет страници чии линкови се наоѓаат на нашиот веб сајт или кои имаат линкови на нашиот сајт, може да имаат различна политика. Grossoptic не споделува никакви лични податоци со други сајтови и не е одговорен за какви било податоци или содржина на други сајтови. Веб сајтот на Гросоптик не подржува никакви информации или политики прикажани на кој било сајт што не е контролиран од Компанијата Гросоптик.

 

Известување за промени во политиката

Компанијата Гросоптик редовно ги ревидира и ажурира информациите за обработка на лични податоци во согласност со промените во сопствените деловни процеси или врз основа на обврските што произлегуваат од релевантните прописи.

Секоја промена во нашата политика за приватност ќе биде објавена на почетната страница и на други места што се смета дека се соодветни за тоа. Ако има значителни промени што во поголема мерка влијаат на обработката на личните податоци, ние ќе ја објавиме информацијата на Сајтот без одлагање и ќе ве информираме директно преку вашата е-пошта, доколку располагаме со овој податок. Сите промени се применуваат кога ќе ја објавиме ажурираната Политика.