ZEISS MyoCare – Вашето дете заслужува подобар поглед на светот!

ZEISS MyoCare диоптриските стакла имаат за цел да го коригираат видот и да го успорат развојот на миопијата кај децата.

Што е миопија и зошто се појавува?

Миопија или кратковидост е всушност вид на оштетување на видот. Личноста која е кратковидна не гледа добро кога гледа во далечни предмети, бидејќи на мрежницата се создава матна слика.

Како што расте детето, очното јаболко се издолжува. Миопијата брзо напредува ако очното јаболко се издолжи повеќе отколку што би се очекувало за возраста на детето. Ако развојот на миопија не се контролира, тоа може негативно да влијае на квалитетот на животот на детето, како и да го зголеми ризикот од развој на долгорочни проблеми со видот.

Постојат неколку причини кои доведуваат до миопија: генетска предиспозиција, навики и однесување на детето… Прогресивната миопија кај децата треба да се коригира со помош на медицинско помагало кое на детето му обезбедува јасен и пријатен вид и истовремено ја контролира прогресијата на миопијата.

ZEISS MyoCare диоптриските стакла се резултат на ZEISS иновациите и развојот кои траат повеќе од 10 години, со цел создавање стакла кои ќе ја контролираат прогресијата на миопијата. MyoCare дизајнот е прво решение кое ZEISS го разви за управување на миопијата.

Како функционираат стаклата MyoCare?

Карактеристика на MyoCare дизајнот е ZEISS C.A.R.E.® технологија (Cylindrical Annular Refractive Elements) на предната површина на стаклото – јасна централна зона на стаклото за диоптриска корекција на видот и специјални C.A.R.E. елементи кои се протегаат од работ на јасната централна зона до работ на диоптриското стакло. Оваа технологија има за цел да го забави издолжувањето на очното јаболко, додека истовремено обезбедува добар, пријатен и јасен вид. Задната површина на стаклото ZEISS ClearFocus е креирана така да обезбедува точна диоптриска јачина и го минимизира несаканото дефокусирање.

Секоја диоптрија е важна, поради тоа треба што побрзо да се започне со контрола на развојната миопија кај децата.
За повеќе информации околу ZEISS MyoCare диоптриските стакла посетете ја официјалната страница.