ZEISS BlueGuard стакла

Главоболка, заматен вид, суви oчи или пецкање на очите?

Ова се вообичаени реакции на напрегање на очите и најчесто се предизвикани од продолжена употреба на дигитални уреди.
Таблетите, паметните телефони и компјутерите испуштаат несразмерно количество сина светлина што предизвикува замор на очите за разлика од кој било друг вид активност.

Сепак, новата генерација на стакла за заштита од сина светлина конечно е тука!

Заштитната функција на претходниот ZEISS (третманот Blue Protect) овозможи блокирање на сината светлина со нанесување на заштитен слој на стаклата, кои потоа ја филтрираат сината светлина.

Со формулата BlueGuard, својствата за блокирање на сината светлина сега се суштински дел од хемијата што се наоѓа во самиот материјал на стаклата.

Со вграден материјал за заштита од сина светлина во самото стакло, Zeiss Blue Guard стандардно доаѓа со Zeiss Dura Vision Platinum слој кој содржи нежна сина антирефлексна обвивка, која прави очите да бидат повидливи позади стаклата.

Вашите предности:

  • Удобност – тие се создадени со цел да се реши проблемот со уморни и чувствителни очи поради се почестата употреба на дигитални уреди.
  • Поголема заштита – штити од потенцијално штетна сино-виолетова светлина и обезбедува целосна УВ заштита.
  • Помал отсјај – го контролира отсјајот, правејќи ја сино-виолетовата светлина помалку иритирачка додека сте зад екранот, но и без него, давајќи му на окото совршено јасен вид.

За повеќе информации за производот, посетете ја официјалната
веб-страница на ZEISS.