Zeiss DriveSafe – паметни очила за безбедно возење

Дали понекогаш се прашувате како и колку често ги штитите Вашите очи кога сте на отворено? Повеќето мислат дека сончевата светлина поради непријатниот одсјај смета само на нашите очи, додека малку е познато нејзиното штетно влијание од УВ зрачењето кое може да допринесе до сериозни оштетувања на рожницата и други површински оштетувања на окото.

Големината на зениците се менува во текот на денот. Колку што е светлината поинтензивна толку е зеницата помала и обратно. Стандардните стакла за очила не ја подржуваат оваа промена во дизајнот. DriveSafe стаклата на Zeiss се издвојуваат од стандардните стакла бидејќи нивниот оптимизиран дизајн се прилагодува на зголемниот пречник на зениците на корисникот при возење на слаба светлина. Дизајнот исто така ја зголемува контраста, го подобрува видот во лоши временски услови и намалува аберации на периферијата на стаклата, особено кај прогресивните стакла.

Крајниот резултат ќе допринесе да имате подобар и динамичен вид и да можете по прецизно да ја процените далечината на гледање во стресни ситуации при возење (навечер, на дожд, во магла или снег).

Zeiss DriveSafe стаклата претставуваат совршено решение за Вашите секојдневни очила. Овозможуваат широка зона на оддалеченост, воедно оптимизирани и за средна далечина, близина, читање и работење. Ова повеќенаменско решение го прави возењето поудобно искуство, истовремено задоволувајќи ги Вашите потреби од секојдневниот живот.

Нека Zeiss DriveSafe стаклата бидат Вашиот поглед кон светот. Ваше е само да уживате во возењето.