ZEISS ClearMind – едукативни настани

По повод лансирањето на целосно новото ZEISS портфолио, организиравме едукативни настани во Белград, Нови Сад, Ниш, Скопје и Подгорица. Во текот на само две недели посетивме три пазари со цел на нашите соработници да им ги претставиме најновите иновации и унапредувања од областа на диоптриските стакла.

Ова беше можност преку стручни предавања и во пријатна атмосфера да го претставиме и новиот ZEISS каталог, во кој се наоѓаат информации за сите ZEISS новитети и кој ќе биде актуелен од 15 јуни 2026 година.

Посебен фокус беше ставен на целосно новите ZEISS ClearMind диоптриски стакла, кои со иновативната NeurOptix технологија ја креираат иднината на оптиката. Дизајнирани да го намалат когнитивното оптоварување, овие стакла претставуваат исчекор во светот на оптиката и насока во која ќе се креираат новите трендови во областа на диоптриски стакла.

Дополнителна вредност на ZEISS портфолиото дава новата генерација унапредени заштитни слоеви DuraVision Plus со CleanGuard технологија, преку напредни перформанси и долготрајни карактеристики во согласност со префинетите потреби на денешните корисници.

Во пријатна атмосфера, покрај едукативниот дел, ова беше можност за размена на искуства и зајакнување на соработката со нашите партнери, бидејќи веруваме дека ваквите настани придонесуваат за подобро разбирање на производите, унапредување на соработката и подобри можности за заеднички развој.

Големиот интерес на присутните го потврди значењето на континуираната едукација и професионалното усовршување, на што се базира и работењето со брендот ZEISS.

Им се заблагодаруваме на сите соработници за издвоеното време, активното учество и довербата што ни ја укажуваат. Со нетрпение очекуваме нови средби и продолжување на заедничкиот развој со иновации што ја обликуваат иднината на оптиката.