Запознајте се со ClearView стаклата!

Постојат многу типови на дизајн на монофокални стакла.

Сепак, зошто стандардните лагерски стакла одсекогаш биле компромис помеѓу порамно, потенко стакло од едната страна и оптичките карактеристики од друга страна, особено во периферните делови? Одговорот лежи во дизајнот на стаклото.

Изборот на дизајнот на стаклото, не само што прави разлика во естетиката на стаклото и удобноста на носењето, туку има и значајно влијание и на оптичките перформанси, со посебен акцент на периферниот дел.

Компанијата ZEISS, како долгогодишен лидер на пазарот во оптичките иновации, успеа да пронајде начин како сложениот процес на производство на рецептурни стакла, да го пренесе на производството на стандардните лагерски стакла.

Оваа напредна технологија конечо им овозможи на носителите стакло со кое што за прв пат нема потреба да се прави компромис помеѓу добриот изглед и добриот вид.

Со ClearView стаклата, корисниците имаат соврешено јасен вид од центарот до периферијата. Стаклата се порамни и потенки од сферичните и асферичните лагерски стакла.

Предности во однос на стандардните лагерски стакла:

  • Оптимизација на стаклото во секоја точка.
  • 3 пати поширока зона од центарот на стаклото кон периферијата.
  • Целосна УВ заштита на окото и околното ткиво.
  • До 16% потенки во однос на ZEISS сферичните лагерски стакла.
  • До 49% порамни во однос на ZEISS сферичните лагерски стакла.

ZEISS ClearView стаклата се достапни и во BlueGuard материјал, со цел да се намали напрегањето на очите како резултат на користење на дигитални уреди, при што овозможува поголема заштита и помала рефлексија.

Лагерски се, но дефинитивно не се стандардни.
Корисниците на монофокални стакла го потврдија тоа.

За повеќе информации за производот посетете ја официјалната ZEISS страна.