Xelens – апликација за центрирање

Апликацијата Xelens е софтвер што се користи за прецизно земање индивидуални параметри на корисникот, потребни за изработка на диоптриски стакла. Ја одликува едноставно користење и висока прецизност.

Покрај основната функција на центрирање и утврдување на индивидуални параметри, Xelens нуди и дополнителни опции:

  • Симулација на користење одредено диоптриско стакло
  • Интерактивен приказ на заштитни слоеви и избор на бои
  • Препорака на диоптриски стакла преку интерактивен прашалник
  • Пренос на податоци во програмата за нарачување
  • Управување со кориснички сесии

Апликацијата Xelens е наменета за користење во оптичарски работилници со цел да го унапредат своето работење.

Предностите од користењето на Xelens се бројни:

  • Висока прецизност
  • Пократко време за преглед и земање на потребните параметри
  • Полесно и поефикасно продавање благодарение на симулацијата на карактеристиките на стаклата
  • Историја на прегледи и параметри на пациентот
  • Зголемена ефикасност на работењето преку автоматизација на процесот на нарачување
  • Поквалитетен и попрофесионален пристап кон купувачот

Апликацијата Xelens е развиена за уреди iPad Pro со LiDAR сензор и е достапна на App Store.

Grossoptic обезбедува едукација и техничка поддршка.

 

 

Запознајте го UltraLUX!

Благодарение на своите карактеристики, новиот UltraLUX прогресив претставува одлично решение кое ги исполнува високите критериуми на современите пресбиопи.

Компанијата „Grossoptic“ ги препозна промените во начинот на живот и дизајнираше диоптриско стакло кое ќе одговара на потребите на модерните корисници.

Со цел да обезбедиме природен вид, мекиот дизајн кај овој модел на прогресивни стакла се покажа како најидеално решение. Благодарение на овој тип на дизајн, како и на намалените периферни аберации, премините низ зоните на прогресивнато стакло се благи, а движењата на окото се послободни, без „ефект на лулање“.

Пријатното чувство од првиот момент, комфорот и лесното привикнување ги потврдија и новите и веќе искусни корисници.

Новите напредни софтверски решенија кои се користат во дизајнот на прогресивното стакло UltraLUX вклучуваат двојна бинокуларна и 3D-пупиларна оптимизација.

Двојната бинокуларна оптимизација овозможува значителен комфор и сигурност, како за гледање на блиску, така и на далеку. Оваа карактеристика обезбедува брз и лесен премин од блиско кон далечно гледање и обратно, што е особено важно при користење на мобилен телефон додека истовремено се извршува друга активност.

Од друга страна, 3D-пупиларната оптимизација го зема предвид целиот сноп светлина што поминува низ зеницата, без оглед на насоката на гледање. Софтверот, исто така, во 3D-простор симулира и анализира модели на однесување, земајќи ги предвид факторите што влијаат на промена на големината на зеницата во различни услови на осветлување.

Дополнително, важен и неизоставен елемент при дизајнирањето на стаклото е и естетиката. UltraLUX стаклото е потенко, што значително ја подобрува естетиката и овозможува поголема слобода при изборот на диоптриска рамка.

Дознајте повеќе за прогресивните стакла UltraLUX на нашата страница UltraLUX прогресив.

Нов златен стандард!

Новиот премиум член на семејството на заштитни слоеви ZEISS DuraVision, ZEISS DuraVision Gold UV, ги помести границите и стана златен стандард кај заштитните слоеви за диоптриски стакла!

Синтезата на најсовремената CleanGuard технологија, елеганцијата и функционалноста направи ZEISS DuraVision Gold UV да стане досега најквалитетниот слој во ZEISS портфолиото.

Иновација е новата хемиска структура на површината, која значително го намалува микро-триењето на површината, задржувањето на нечистотии и вода во споредба со претходната генерација на ZEISS DuraVision заштитни слоеви.

Модифицираната молекуларна структура во голема мера ја зголемува отпорноста на дамки, што го олеснува чистењето и одржувањето. Оваа најсовремена формула драстично ја намалува површинската енергија, што резултира со исклучително слабо прилепување на поларни и неполарни течности. Површината на стаклото е многу мазна, што дополнително влијае на чистотата.

Секој слој што ја сочинува структурата на ZEISS DuraVision Gold UV има своја улога и на ZEISS стаклата им дава уникатни карактеристики:

  • До 3x побрзо чистење од другите слоеви
  • Капките вода брзо се спојуваат и лизгаат од површината
  • Антистатичките својства не дозволуваат лепење на прав
  • Исклучителна отпорност на гребење и оштетувања
  • Намалена рефлексија овозможува појасен вид, особено при слабо осветлување
  • Елегантен стил во комбинација со модерни рамки

Дизајнирани да се вклопат со модерни рамки, стаклата со златна нијанса добро се усогласуваат со рамки во златна, кафеава и црна боја.

Со CleanGuard технологијата, комфорот и модерниот изглед никогаш не биле подостапни.

Повеќе за слојот ZEISS DuraVision Gold UV можете да прочитате на официјалната страница на компанијата ZEISS.

 

 

MyoFocus – Сoчувајте го видот на Вашето дете!

Што е миопија и зошто се јавува?

Миопија е еден вид оштетување на видот и се мери во диоптри.

Лицето кое има миопија не гледа добро предмети кои се далеку, затоа што зраците на светлината кои влегуваат во окото се фокусираат пред мрежницата наместо на самата мрежница. Оваа појава најчесто се случува поради прекумерно издолжување на очното јаболко.

За да се намали растот на диоптријата и прогресијата на миопијата кај децата, треба да се користат диоптриски стакла за забавување на развојот на миопијата.

Иновативниот дизајн на MyoFocus стакла се резултат на детални истражувања и развој, кои нудат врвно решение за управување со миопијата кај деца.

Причините за настанок на миопија се поврзани со генетиката, навиките и условите во околината:

  • Ако едниот или двата родители се кратковиди, ризикот дека детето ќе биде кратковидо е поголем.
  • Сè помалку имаме активности на отворено и сè помалку сме изложени на природна дневна светлина.
  • Повеќе време се поминува во работа која бара гледање на предмети блиску – читање, пишување, употреба на дигитални уреди.

Повеќе за миопијата и MyoFocus стаклата можете да дознаете на нашата страница MyoFocus стакла.