Прва изложба видена низ очила!

Во преполниот Етнографски музеј во Белград на 20 септември беше одбележан Денот на музејот и 122 години постоење на една од најважните културни институции во Србија.

Отворајќи ја изложбата Читање на бои, која беше специјално подготвена за Денот на музејот, Марина Цветковиќ (автор на изложбата) рече: „Изложбата Читање на бои дава културно-историски преглед на важноста на боите во српското традиционално општество, притоа укажувајќи на суштински важна еколошка перспектива. Се надеваме дека на овој начин ќе поттикнеме експерименти и работилници за природно боење на предиво“.

Читање бои е првата изложба во Србија која се гледа преку очила во боја, што на посетителите им овозможува поинакво и комплетно визуелно доживување на изложбата. Токму придонесот на компанијата Гроссоптик направи исчекор во однос на традиционалните начини на презентирање на музејските предмети. Сите посетители ќе имаат можност преку боените стакла на Гроссоптик поинтензивно да ги искусат изложбените предмети кои во голем дел и припаѓаат на српската традиција од 19 век.

     

Со ова креативно, иновативно и одговорно решение, Етнографскиот музеј сака да го поттикне ширењето на еколошката свест како најважно прашање на 21 век.

Ваш Гросоптик