ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
- Офталмолошки стакла
- Контактни леќи и раствори
- Очила за сонце и диоптриски рамки
- Опрема
- Алатки и потрошен материјал

Компанијата Grossoptic зазема водечка позиција на пазарот на оптика во југоисточна Европа.
Од основањето во 1992 година, компанијата е ориентирана кон потребите на потрошувачите и кон унапредување на нивниот живот.


ZEISS Vision е еден од водечките светски производители на офталмолошки стакла.
Со својот постојан технолошки развој, ZEISS ја создава и подобрува иднината на оптиката. Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на офталмолошките стакла ZEISS.


Соработката помеѓу Grossoptic и Bausch+Lomb започна во 1995 година со воведувањето на најпознатата марка диоптриски очила и очила за сонце Ray Ban на нашиот пазар.
Соработката наскоро беше проширена на програма за контактни леќи и раствори за нивно одржување. Удобни и квалитетни контактни леќи, со единствен дизајн и иновативни материјали, тие се присутни со години на нашиот пазар, нудејќи одличен вид, здравје и удобност за корисниците.



Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на некои од најпознатите производители во светот на очила за сонце и диоптриски рамки.
„MAX“ е бренд создаден во производствениот погон на компанијата Grossoptic.
Тој е дистрибутер на италијанската групација SAFILO, шпанската Etnia Barcelona , јапонската групација CHARMANT и германската MENRAD.


Nidek е јапонска компанија која работи на светскиот пазар веќе 40 години.
Произведува офталмолошка опрема – дијагностички уреди и автомати за обработка на стаклата. Grossoptic како дистрибутер на Nidek им нуди на своите клиенти опрема со врвен квалитет веќе 14 години.


Centrostyle е италијанска компанија која работи повеќе од 40 години на светскиот пазар, а нејзините производи се присутни на сите 5 континенти.
Centrostyle нуди иновативни високо квалитетни решенија во секторот за оптика, и со со помош на широка мрежа на дистрибутери снабдува оптички продавници ширум светот.
Глобалниот успех и децениското присуство се должат на високиот квалитет, широкиот асортиман и иновативните решенија.
Grossoptic како регионален партнер ги снабдува своите клиенти со производите на Centrostyle веќе 25 години.
PhotoFusion X – нова генерација!
јули 14th, 2022
ZEISS конечно ја лансираше долгоочекуваната и најмоќната верзија на фотохроматски стакла досега – PhotoFusion X!
Често е познато дека корисниците на офталмолошки стакла купуваат диоптерски стакла по рецепт за различни намени: транспарентни, поларизирани или затемнети очила за сонце и од неодамна, стакла за заштита од сина светлина. Сепак, ќе се согласиме дека, не е секогаш лесно често да се чуваат или менуваат очила за различни потреби.
Пазарот долго време им обезбедува на носителите решение две во едно, а фотохроматските стакла набрзо се позиционираа и како транспарентни и како очила за сонце. Сепак, критериумите на крајните корисници никогаш не беа целосно исполнети.
Претходните генерации на фотохроматски стакла не беа доволно темни или доволно транспарентни во премин од надвор и во затворен простор.
Бавното враќање на транспарентноста се рефлектира како визуелна непријатност, имајќи предвид дека е тешко да се гледа во затворен простор со темни стакла, додека во различни социјални ситуации затемнетите очила може да се сметаат за несоодветни.
За разлика од претходната, најновата генерација – PhotoFusion X, се карактеризира со совршена транспарентност во затворени простории и со поголем степен на затемнување на отворено. Покрај тоа, тие обезбедуваат целосна заштита од УВ на ниво на очила за сонце, но и уникатно ниво на заштита од сина светлина (тие блокираат до 50% од потенцијално штетната сина светлина).
Покрај горенаведеното, други клучни придобивки за корисниците се:
- Нови и подобрени нијанси на бои.
- Дополнително содржат антирефлексен слој и заштитен слој од гребнатини.
- Стакла базирани на материјал BlueGuard.
- Осветлуваат 80% побрзо од претходната генерација стакла PhotoFusion.
- Затемнуваат 60% побрзо од претходната генерација стакла PhotoFusion.
PhotoFusion X стаклата се достапни во следните бои: затемнета сива, класична сива, топло кафена, живописна сина и пионерска сиво-зелена.
За повеќе информации за карактеристиките на производот, посетете ја официјалната веб-страница на ZEISS.