ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
- Офталмолошки стакла
- Контактни леќи и раствори
- Очила за сонце и диоптриски рамки
- Опрема
- Алатки и потрошен материјал
Компанијата Grossoptic зазема водечка позиција на пазарот на оптика во југоисточна Европа.
Од основањето во 1992 година, компанијата е ориентирана кон потребите на потрошувачите и кон унапредување на нивниот живот.
ZEISS Vision е еден од водечките светски производители на офталмолошки стакла.
Со својот постојан технолошки развој, ZEISS ја создава и подобрува иднината на оптиката. Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на офталмолошките стакла ZEISS.
Соработката помеѓу Grossoptic и Bausch+Lomb започна во 1995 година со воведувањето на најпознатата марка диоптриски очила и очила за сонце Ray Ban на нашиот пазар.
Соработката наскоро беше проширена на програма за контактни леќи и раствори за нивно одржување. Удобни и квалитетни контактни леќи, со единствен дизајн и иновативни материјали, тие се присутни со години на нашиот пазар, нудејќи одличен вид, здравје и удобност за корисниците.
Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на некои од најпознатите производители во светот на очила за сонце и диоптриски рамки.
„MAX“ е бренд создаден во производствениот погон на компанијата Grossoptic.
Тој е дистрибутер на италијанската групација SAFILO, шпанската Etnia Barcelona , јапонската групација CHARMANT и германската MENRAD.
Nidek е јапонска компанија која работи на светскиот пазар веќе 40 години.
Произведува офталмолошка опрема – дијагностички уреди и автомати за обработка на стаклата. Grossoptic како дистрибутер на Nidek им нуди на своите клиенти опрема со врвен квалитет веќе 14 години.
Centrostyle е италијанска компанија која работи повеќе од 40 години на светскиот пазар, а нејзините производи се присутни на сите 5 континенти.
Centrostyle нуди иновативни високо квалитетни решенија во секторот за оптика, и со со помош на широка мрежа на дистрибутери снабдува оптички продавници ширум светот.
Глобалниот успех и децениското присуство се должат на високиот квалитет, широкиот асортиман и иновативните решенија.
Grossoptic како регионален партнер ги снабдува своите клиенти со производите на Centrostyle веќе 25 години.
ZEISS BlueGuard стакла
јули 13th, 2022
Главоболка, заматен вид, суви oчи или пецкање на очите?
Ова се вообичаени реакции на напрегање на очите и најчесто се предизвикани од продолжена употреба на дигитални уреди.
Таблетите, паметните телефони и компјутерите испуштаат несразмерно количество сина светлина што предизвикува замор на очите за разлика од кој било друг вид активност.
Сепак, новата генерација на стакла за заштита од сина светлина конечно е тука!
Заштитната функција на претходниот ZEISS (третманот Blue Protect) овозможи блокирање на сината светлина со нанесување на заштитен слој на стаклата, кои потоа ја филтрираат сината светлина.
Со формулата BlueGuard, својствата за блокирање на сината светлина сега се суштински дел од хемијата што се наоѓа во самиот материјал на стаклата.
Со вграден материјал за заштита од сина светлина во самото стакло, Zeiss Blue Guard стандардно доаѓа со Zeiss Dura Vision Platinum слој кој содржи нежна сина антирефлексна обвивка, која прави очите да бидат повидливи позади стаклата.
Вашите предности:
- Удобност – тие се создадени со цел да се реши проблемот со уморни и чувствителни очи поради се почестата употреба на дигитални уреди.
- Поголема заштита – штити од потенцијално штетна сино-виолетова светлина и обезбедува целосна УВ заштита.
- Помал отсјај – го контролира отсјајот, правејќи ја сино-виолетовата светлина помалку иритирачка додека сте зад екранот, но и без него, давајќи му на окото совршено јасен вид.
За повеќе информации за производот, посетете ја официјалната
веб-страница на ZEISS.