ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
- Офталмолошки стакла
- Контактни леќи и раствори
- Очила за сонце и диоптриски рамки
- Опрема
- Алатки и потрошен материјал
Компанијата Grossoptic зазема водечка позиција на пазарот на оптика во југоисточна Европа.
Од основањето во 1992 година, компанијата е ориентирана кон потребите на потрошувачите и кон унапредување на нивниот живот.
ZEISS Vision е еден од водечките светски производители на офталмолошки стакла.
Со својот постојан технолошки развој, ZEISS ја создава и подобрува иднината на оптиката. Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на офталмолошките стакла ZEISS.
Соработката помеѓу Grossoptic и Bausch+Lomb започна во 1995 година со воведувањето на најпознатата марка диоптриски очила и очила за сонце Ray Ban на нашиот пазар.
Соработката наскоро беше проширена на програма за контактни леќи и раствори за нивно одржување. Удобни и квалитетни контактни леќи, со единствен дизајн и иновативни материјали, тие се присутни со години на нашиот пазар, нудејќи одличен вид, здравје и удобност за корисниците.
Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на некои од најпознатите производители во светот на очила за сонце и диоптриски рамки.
„MAX“ е бренд создаден во производствениот погон на компанијата Grossoptic.
Тој е дистрибутер на италијанската групација SAFILO, шпанската Etnia Barcelona , јапонската групација CHARMANT и германската MENRAD.
Nidek е јапонска компанија која работи на светскиот пазар веќе 40 години.
Произведува офталмолошка опрема – дијагностички уреди и автомати за обработка на стаклата. Grossoptic како дистрибутер на Nidek им нуди на своите клиенти опрема со врвен квалитет веќе 14 години.
Centrostyle е италијанска компанија која работи повеќе од 40 години на светскиот пазар, а нејзините производи се присутни на сите 5 континенти.
Centrostyle нуди иновативни високо квалитетни решенија во секторот за оптика, и со со помош на широка мрежа на дистрибутери снабдува оптички продавници ширум светот.
Глобалниот успех и децениското присуство се должат на високиот квалитет, широкиот асортиман и иновативните решенија.
Grossoptic како регионален партнер ги снабдува своите клиенти со производите на Centrostyle веќе 25 години.
Transitions® GEN S™ пристигна!
ноември 27th, 2024
Со лансирањето на новата генерација на Transitions стакла, отворено е ново возбудливо поглавје и истовремено започната револуција која поставува нов технолошки стандард во областа на фотоосетливите стакла.
Компанијата Grossoptic ја вклучи во својот асортиман новата генерација Transitions® GEN S™ рецептурни стакла, со цел да им се обезбеди на сите носители на диоптриски наочари подобрено искуство, но и поголем избор на комбинирање на диоптриски стакла со рамки, имајќи предвид дека Transitions® GEN S стаклата доаѓаат во 5 нови спектакуларни бои!
Покрај стандардната кафена, сива и зелена боја, понудата вклучува нови Transitions® GEN S™ Style бои: sapphire, emerald, amethyst, amber и ruby, достапни во индексите 1.50, 1.60 и 1.67.
GEN SPEED™ – Ултра осетливи на светлина:
– Се враќаат во транспарентна состојба за помалку од 2
минути,
– До 2 пати побрз повраток во транспарентна состојба,
– За само 25 секунди до затемнување на сончевите стакла
(категорија 3).
GEN STYLE™ – Спектакуларна палета на бои:
– Најголем избор на бои на пазарот,
– Подобра постојаност на боите во сите фази,
– Бескрајни можности за комбинирање со рамки.
GEN SMART™ – Висока резолуција на видот во сите услови на осветлување:
– 39% побрзо обновување на видот од интензивна
светлина,
– 40% побрзо обновување на видот при враќање во
транспарентна состојба,
– 39.5% подобрена осетливост на контраст при враќање во транспарентна состојба.
По детални информации за новата генерација Transitions се достапни на официјалната веб-страница.
Ваш GROSSOPTIC.