ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
- Офталмолошки стакла
- Контактни леќи и раствори
- Очила за сонце и диоптриски рамки
- Опрема
- Алатки и потрошен материјал
Компанијата Grossoptic зазема водечка позиција на пазарот на оптика во југоисточна Европа.
Од основањето во 1992 година, компанијата е ориентирана кон потребите на потрошувачите и кон унапредување на нивниот живот.
ZEISS Vision е еден од водечките светски производители на офталмолошки стакла.
Со својот постојан технолошки развој, ZEISS ја создава и подобрува иднината на оптиката. Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на офталмолошките стакла ZEISS.
Соработката помеѓу Grossoptic и Bausch+Lomb започна во 1995 година со воведувањето на најпознатата марка диоптриски очила и очила за сонце Ray Ban на нашиот пазар.
Соработката наскоро беше проширена на програма за контактни леќи и раствори за нивно одржување. Удобни и квалитетни контактни леќи, со единствен дизајн и иновативни материјали, тие се присутни со години на нашиот пазар, нудејќи одличен вид, здравје и удобност за корисниците.
Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на некои од најпознатите производители во светот на очила за сонце и диоптриски рамки.
„MAX“ е бренд создаден во производствениот погон на компанијата Grossoptic.
Тој е дистрибутер на италијанската групација SAFILO, шпанската Etnia Barcelona , јапонската групација CHARMANT и германската MENRAD.
Nidek е јапонска компанија која работи на светскиот пазар веќе 40 години.
Произведува офталмолошка опрема – дијагностички уреди и автомати за обработка на стаклата. Grossoptic како дистрибутер на Nidek им нуди на своите клиенти опрема со врвен квалитет веќе 14 години.
Centrostyle е италијанска компанија која работи повеќе од 40 години на светскиот пазар, а нејзините производи се присутни на сите 5 континенти.
Centrostyle нуди иновативни високо квалитетни решенија во секторот за оптика, и со со помош на широка мрежа на дистрибутери снабдува оптички продавници ширум светот.
Глобалниот успех и децениското присуство се должат на високиот квалитет, широкиот асортиман и иновативните решенија.
Grossoptic како регионален партнер ги снабдува своите клиенти со производите на Centrostyle веќе 25 години.
“LIGHT YOUR WAY” ZEISS Event 2024
ноември 6th, 2024
„Light your way“ е симболичен наслов на ZEISS Event Belgrade 2024 настанот што се одржа на 25.10.2024 година во Белград, во организација на компаниите „Grossoptic“ и „Zeiss Vision Care“.
Со големо задоволство беше претставен новиот Zeiss каталог, со посебен акцент на производите кои сигурно ќе постават нови правила на игра во иднината на оптичката индустрија.
Посебно сакаме да им се заблагодариме на сите пријатели и соработници од Србија, Црна Гора и Македонија кои во голем број одговорија на нашиот повик, што покажува најголемо потврдување на интегритетот на компанијата „Zeiss Vision Care“, но и на нивото на заинтересираност за Zeiss брендот на пазарот на Западен Балкан.
Исто така, уште еднаш сакаме да им честитаме на сите добитници на признанија за посебни продажни и маркетинг достигнувања во B2C сегментот.
Се надеваме на нови заеднички успеси!
Ваш Grossoptic и Zeiss Vision Care.