“LIGHT YOUR WAY” ZEISS Event 2024

„Light your way“ е симболичен наслов на ZEISS Event Belgrade 2024 настанот што се одржа на 25.10.2024 година во Белград, во организација на компаниите „Grossoptic“ и „Zeiss Vision Care“.

Со големо задоволство беше претставен новиот Zeiss каталог, со посебен акцент на производите кои сигурно ќе постават нови правила на игра во иднината на оптичката индустрија.

Посебно сакаме да им се заблагодариме на сите пријатели и соработници од Србија, Црна Гора и Македонија кои во голем број одговорија на нашиот повик, што покажува најголемо потврдување на интегритетот на компанијата „Zeiss Vision Care“, но и на нивото на заинтересираност за Zeiss брендот на пазарот на Западен Балкан.

Исто така, уште еднаш сакаме да им честитаме на сите добитници на признанија за посебни продажни и маркетинг достигнувања во B2C сегментот.

Се надеваме на нови заеднички успеси!

Ваш Grossoptic и Zeiss Vision Care.