featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив Office Plus

Секојдневната работа на компјутер е причина за болки во вратот и грбот поради неправилната положба на телото, вратот и главата во текот на работата.

Луѓето кои поголем дел од своето работно време го поминуваат пред компјутер може да осетат главоболка, нелагодност при гледање во екран и нејасен вид после одреден период.

Office Plus прогресивните стакла се специјалнон дизајнирани за употреба во канцеларија и долготрајна работа на компјутер.

Face Fit – За унапредување на карактеристиките на ова диоптерско стакло во изработката се користат просеќни вредности на пантоскопски агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца.

За да се постигне подобра перцепција на работниот простор, постојат три типа на Office Plus прогресивни стакла. Секој од нив овозможува поголем комфор и јасен вид со удобна положба на главата, вратот и телото.

Јасен поглед на мали оддалечености

Природна положба на главата и телото

За долготрајна работа на компјутер и читање

Оптимизиран за различни оддалечености

Ниско ниво на аберации

Дизајнот, удобноста и перформансите на Office Plus прогресивот можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.