featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив Optima HD

Optima HD е универзален тип на прогресив со широка примена. Optima HD прогресивите се одлично решение за целодневно носење, престој на отворено, работа во затворен простор, како и кај долготрајно читање.

Прогресивот Optima HD овозможува совршен баланс на далечина и близина за динамичен вид и секојдневни активности.

Широката зона за далечина и средна оддалеченост со нискиот интензитет на периферни аберации му овозможуваат на корисникот комфор за нормално и секојдневно функционирање.

Се препорачува на искусни корисници на прогресивни стакла поради својата стабилност и функционална зона без аберации.

Optima HD е исклучително добро оценет прогресив од страна на искусните носителни на прогресиви.

Универзална примена

Избалансирани видни полиња

Јасен вид

Лесна адаптација

Погодни за целодневна употреба

Дизајнот, удобноста и перформансите на Optima HD ПРОГРЕСИВОТ можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.