featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив Dynamic HD

Dynamic HD е посебно развиен за користење на отворено со унапредена и проширена зона за далечина. Површината за близина е благо стеснета, па не овозможува целосен и максимален комфор кај долго читање.

Носителите на Dynamic HD имаат одлично чувство за простор, движење и за предметите во просторот.

Концентрацијата на несакани аберации се сведени во периферните зони на стаклото, далеку од видното поле. Поради својот специфичен дизајн се одликува со лесна адаптација и одличен комфор.

Dynamic HD прогресивот е надополнета верзија на основниот модел на прогресив наменет за користење на отворено.

Наменет за личности кои се во движење

Дава одличен осет за простор и движење

Комфорен за длготрајно носење

Лесна адаптација

Задоволително видно поле за близина

Дизајнот, удобноста и перформансите на прогресивот Dynamic HD можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.