featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив UltraLite

UltraLite е прогресив на кој новите корисници можат лесно да се прилагодат и добро да го прифатат благодарение на подобрениот мек дизајн.

UltraLite прогресивот е дизајниран да обезбеди квалитетен вид за долгорочна употреба, спортски активности, употреба на дигитални и печатени медиуми, како и за читање на печатени текстови.

Прогресивот UltraLite има широко видно поле, пристапот до коридорот е лесен и обезбедува удобни благи периферни транзиции со ниско ниво на вкупни аберации.

Ова е идеален прогресивен модел за нови корисници, бидејќи окото лесно акомодира и има широки и изедначени видни полиња.UltraLite прогресивот е одличен за брз преод на фокусот и динамичен вид.

Унапреден мек дизајн

Широки полиња на гледање

Удобни и благи периферни префрлувања

Ниско ниво на вкупни аберации

Брза адаптација

Дизајнот, удобноста и перформансите на прогресивот Ultra Lite можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.