featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив Indoor HD

Indoor HD прогресивот е посебно дизајниран за користење и работа на близина со унапредена и проширена зона на полето за близина, со задоволителна површина на видно поле за далечина.

Овозможува максимален комфор при читање, работа на компјутер, занаетчиски и слични активности.

Концентрацијата на несакани аберации е сведена на периферните зони на стаклото далеку од видното поле. Поради својот специфичен дизајн се одликува со лесна адаптација и одличен комфор.

Indoor HD Indoor НD прогресивните стакла се препорачуваат за извршување на работи во затворен простор кои бараат висок степен на прецизност.

Дизајниран на користење и работа на близина

Погоден за обавување на прецизни работи

Комфорен при долготрајна употреба

Лесна адаптација

Задоволителна површина на видно поле за далечина

Дизајнот, удобноста и перформансите на прогресивот Indoor HD можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.