featured image Назад на Прогресивни стакла

Progresiv Maxima

Динамичниот начин на живот, секојдневната употреба на дигитални уреди и современите технологии поставуваат нови визуелни потреби. Нашето око секојдневно се соочува со се поголеми предизвици. Целодневното користење на мобилните телефони и динамичниот живот бараат чести промени на фокусот од далечина на близина.

Прогресивните стакла Maxima се развиени за да ги задоволат потребите на сите корисници, особено на оние кои водат динамичен живот, се во движење и користат дигитални уреди во текот на денот.

Оптимална визуелна рамнотежа, стабилност при движење, моментална адаптација, брз фокус од далечина на близина, како и послободни движења на очите, се главните карактеристики на прогресивот Maxima.

Face Fit – За унапредување на карактеристиките на ова диоптерско стакло во изработката се користат просеќни вредности на пантоскопски агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца.

Прогресивот Maxima е наменет и за нови и за искуцни корисници, тој е комфорен и пријатен и адаптацијата е моментална. Идеален избор е за секојдневно носење.

Брзо фокусирање од далечина на близина

Широко видно поле

Оптимизиран за печатени и дигитални медиуми

Ниско ниво на аберации

Моментална адаптација

Стабилност без „лебдечки ефект“

Дизајнот, удобноста и перформансите на прогресивот Maxima можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.