featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив Office

Секојдневната работа во канцеларија и употребата на компјутер можат да доведат до умор, главоболки и неправилна положба на главата и телото доколку не се користат диоптерски стакла кои одговараат за таа намена.

Progresiv Office е развиен со цел да обезбеди одличен вид и да Ви овозможи да бидете опуштени додека работите.

Овој прогресив има корекција за близина, ограничена корекција на видот за далечина, а овозможува и доста широко видно поле на средна оддалеченост. Проширеното видно поле за близина овозможува максимален комфор за читање.

Progresiv Office овозможува добар вид и природна положба на главата при работа на компјутер.

* Вредностите се дадени во метри

Progresiv Office е најдобро решение за луѓе кои поголем дел од своето работно време го поминуваат пред компјутер.

Проширено видно поле за близина

Ограничена корекција на видот на далечина

Овозможува правилна положба на телото

Максимален комфор при читање

Дизајнот, удобноста и перформансите на Office прогресивот можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.