ПРОИЗВОДИ И УСЛУГИ
- Офталмолошки стакла
- Контактни леќи и раствори
- Очила за сонце и диоптриски рамки
- Опрема
- Алатки и потрошен материјал

Компанијата Grossoptic зазема водечка позиција на пазарот на оптика во југоисточна Европа.
Од основањето во 1992 година, компанијата е ориентирана кон потребите на потрошувачите и кон унапредување на нивниот живот.


ZEISS Vision е еден од водечките светски производители на офталмолошки стакла.
Со својот постојан технолошки развој, ZEISS ја создава и подобрува иднината на оптиката. Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на офталмолошките стакла ZEISS.


Соработката помеѓу Grossoptic и Bausch+Lomb започна во 1995 година со воведувањето на најпознатата марка диоптриски очила и очила за сонце Ray Ban на нашиот пазар.
Соработката наскоро беше проширена на програма за контактни леќи и раствори за нивно одржување. Удобни и квалитетни контактни леќи, со единствен дизајн и иновативни материјали, тие се присутни со години на нашиот пазар, нудејќи одличен вид, здравје и удобност за корисниците.



Grossoptic е долгогодишен дистрибутер на некои од најпознатите производители во светот на очила за сонце и диоптриски рамки.
„MAX“ е бренд создаден во производствениот погон на компанијата Grossoptic.
Тој е дистрибутер на италијанската групација SAFILO, шпанската Etnia Barcelona , јапонската групација CHARMANT и германската MENRAD.


Nidek е јапонска компанија која работи на светскиот пазар веќе 40 години.
Произведува офталмолошка опрема – дијагностички уреди и автомати за обработка на стаклата. Grossoptic како дистрибутер на Nidek им нуди на своите клиенти опрема со врвен квалитет веќе 14 години.


Centrostyle е италијанска компанија која работи повеќе од 40 години на светскиот пазар, а нејзините производи се присутни на сите 5 континенти.
Centrostyle нуди иновативни високо квалитетни решенија во секторот за оптика, и со со помош на широка мрежа на дистрибутери снабдува оптички продавници ширум светот.
Глобалниот успех и децениското присуство се должат на високиот квалитет, широкиот асортиман и иновативните решенија.
Grossoptic како регионален партнер ги снабдува своите клиенти со производите на Centrostyle веќе 25 години.


Прогресив Optima DualDigital
Прогресивните стакла Optima Dual Digital претставуваат нова генерација на прогресиви кои распоредуваат прогресии на диоптрија од двете страни на стаклата, и однадвор и одвнатре.
Вкупно земено, овие прогресиви имаат значително пониско ниво на астигматски пречки во периферните зони во споредба со прогресивите, каде што вкупната прогресија е поставена само на внатрешната страна.


Стандардни прогресивни стакла


Optima Dual Digital
Естетика
Уреди за дигитално читање
Спорт
Возење
За сите активности
Активности на отворено
Активности во затворено-канцеларија


Предностите на носителот на стаклата Optima Dual Digital се поголемо видно поле до 50% во зависност од диоптријата, елиминирање на ефектот на нишање и изобличување на сликата на краевите на стаклото, како и до 30% намалување на интензитетот на периферните аберации.
Карактеристики:
Progresiv Optima Dual Digital може да се нарача и со индивидуални параметри.