
Прогресив UltraLUX
Современото време наметнува брз ритам на живот, а со тоа и брзи решенија за предизвиците со кои се соочуваме. Без разлика дали станува збор за нови или искусни корисници, лесното прилагодување и комфорот се меѓу првите барања при изборот на нов прогресив.
Благодарение на аторичната оптимизација во зоната на адицијата, корисникот добива пријатно чувство уште од првиот момент. Лесното прилагодување е погодно и за нови корисници кои немаат претходно искуство со носење прогресивни стакла.
Поради сè почестата потреба од гледање на блиску, дополнителен комфор е овозможен со проширување на зоната за читање. Истовремено, широката зона за блиску не влијае врз намалувањето на зоната за далеку, овозможувајќи му на корисникот чувство на природен поглед.

Двојна бинокуларна оптимизација - Со паралелна оптимизација на зоната за блиску и зоната за далеку кај левото и десното стакло, оваа технологија овозможува симетричен и избалансиран премин во подрачјата на аберација, со што видот е избалансиран во сите зони.

3D Пупиларна оптимизација - Напредните софтверски решенија што се користат при дизајнот на прогресивното стакло UltraLux, го земаат предвид целиот сноп светлина што поминува низ зеницата, без разлика на насоката на гледање. Овој принцип му овозможува на носителот одлична острината на видот, послободни движења на окото, како и пошироки видни полиња во различни светлосни услови.

Важен и неизбежен сегмент при дизајнирањето на модерни диоптриски стакла е естетиката. Лицата што водат активен начин на живот ставаат акцент на изгледот на стаклата и слободата при изборот на диоптриски рамки. Поради намалената дебелина од 8% во центарот*, стаклото е потенко, што значително ја подобрува естетиката.
Широка примена во сите светлосни услови
Моментално привикнување и максимална удобност при носење
12% пошироко видно поле на блиску во споредба со претходната генерација*
Брз фокус од далечина на блиску и обратно
15% помалку периферни аберации во споредба со претходната генерација*
Подобра естетика поради намалена дебелина на стаклото во центарот

Дизајнот, удобноста и перформансите на прогресивот Indoor HD можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.
*Се однесува на претходната генерација прогресивни стакла UltraLite.