featured image Назад на заштитни слоеви

Blue Cut UV

Човечкото око е изложено на природна плава светлина од сонцето и онаа од вештачките извори (TV, PC, мобилни телефони...) . Сината светлина е со бранова должина помеѓу 390 nm и 440 nm која се смета како потенцијално штетна . Научните истражувања покажуваат дека долгото изложување на штетната сина светлина потенцијално може да предизвика оштетување на ткивата на окото и кожата.

Прекумерно изложување на сина светлина може да доведе до замор на окото, губење на концентрацијата, главоболки, замаглен вид, црвени и суви очи, па дури и трајни дегенеративни промени на рожницата . Поради потенцијално штетната сина светлина препорачливо е да се заштитат очите со користење на стакла со заштитен слој.

Blue Cut UV е заштитен слој кој блокира и одбива спектар на штетната сина свeтлина . преносот го намалува за 25% во областа на бранова должина од 400 do 500 nm, што одговара на видливата сино виолетова светлина.

Диоптерските стакла со Blue Cut UV третманот обезбедуваат целосна заштита и удобност при секоја активност во текот на денот, како во затворен простор со вештачко осветлување , така и на отворено.

Со користење на стакла кои што имаат Blue Cut UV заштитен слој, употребата на дигитални уреди нема да остават штетна последица по видот.