featured image Назад на заштитни слоеви

Satin Coat

Satin Coat е заштитен слој кој обезбедува максимална заштита, ја зголемува острината на видот, го намалува заморот и лесно се чисти и одржува.

Компресираните антирефлексни слоеви се компактна целина која обезбедува максимална транспарентност од 99,8% од светлината, која доаѓа до окото на корисникот.

Основата на слојот го сочинуваат унапреден и издржлив тврд слој,чија цел е заштита од површински оштетувања и зголемување на векот на траење.

Унапредениот суперхидрофобен слој, кој спречува задржување на капки вода и го отежнува замаглувањето. Збогатен со антистатични својства кои оневозможуваат лепење на честички прашина и нечистотии, што овозможуваат лесно чистење и одржување.