featured image Назад на заштитни слоеви

Заштита од УВ зрачење

UV зрачењето е електромагнетно зрачење со висока енергија на кратки бранови должини кои се невидливи за човечкото око. Иако не можеме да го видиме , доаѓаат до нашите кожа и очи и се абсорбираат од нашите ткива. ERP заштитен слој се нанесува на диоптерските стакла како би обезбедил максимална UV 400 заштита на очите и ткивото околу очите.

ERP заштитен слој кој го блокира штетното електромагнетно зрачење, невидливо за човечкото око, таканаречено UV зрачење.

ERP слојот овозможува заштита од штетното UV зрачење во спектар од 400 nm и дел од штетното сино зрачење од видливиот спектар кој предизвикува напрегање на цилијарниот мускул на човечкото око.

Кога се во прашање безбојни стакла ERP слојот го блокира UV зрачењето со праг од 400 nm за околу 98%, со што кај безбојните стакла обезбедува UV заштита како и кај квалитетни очила за сонце.

Покрај ERP третман се препорачува и нанесување на антирефлексен слој како би се елиминирале несаканите рефлексии, а ќе се зголеми острината на видот и ќе се намали заморот на окото.