

Blue Cut UV
Природната сончева светлина е извор на спектар на зрачење што е штетен за окото во невидливата УВ област и областа на видливата сино-виолетова светлина. Овие штетни зрачења не се наоѓаат само во природна светлина, туку ние сме изложени на нив и во услови на вештачко, дигитално, неонско и LED осветлување.
Човечкото око е изложено на овие зрачења во текот на целиот ден, што може да доведе до замор на очите, намалена концентрација, главоболки, заматен вид, црвени и суви очи, па дури и до сериозни и трајни дегенеративни промени на рожницата.
Blue Cut UV е заштитен слој специјално развиен за луѓе кои поголемиот дел од времето го поминуваат во затворени простории и се изложени на штетно сино светло преку LED или LCD телевизори, монитори, лаптопи, таблети, паметни телефони и GPS уреди. Blue Cut UV блокира дел од штетната сина светлина во областа на брановите должини од 400 до 500 nm.
Со повеќеслоен антирефлексивен и UV 400 филтер, заштитниот слој Blue Cut обезбедува целосна заштита и удобност и во затворени простории со вештачко осветлување и на отворено.
Blue Cut UV заштитниот слој:

