featured image Назад на Relax линија на стакла

Relax Sport

Спортувањето, без разлика дали е хоби или професионално, ни овозможува некои од најубавите моменти на забава. Како би можеле да уживаме во спортските активности на најдобар начин и да постигнеме најдобри резултати потребно е добро да гледаме. Совршениот вид ни дава чувство на сигурност и удобност.

Relax Sport се специјално дизајнирани персонализирани стакла наменети за вградување во спортски и закривени рамки.

Тие обезбедуваат добар периферен вид, неопходен за динамичен начин на живот и за спортистите. Го намалуваат чувството на искривување на сликата и со тоа ги намалуваат страничните сметњи и проширување на видното поле.

Face Fit – За унапредување на карактеристиките на ова диоптерско стакло во изработката се користат просеќни вредности на пантоскопски агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца

Relax Sport е развиен за сите љубители на спортски активности кои сакаат да постигнат совршен вид додека уживаат во спортот. Стакла кои се дизајнирани да го унапредат комфорот и контрастот кај сите временски услови и подлоги на кои се движите.

Дизајнот, комфорот и перформансите на Relax Sport диоптерските стакла можат дополнително да се унапредат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците од избраниот диоптерски оквир и единствените параметри на корисникот се добива унапредено индивидуално диоптерско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.