featured image Назад на Relax линија на стакла

Relax Reading Digital

Секојдневните активности со употребата на дигиталните уреди можат да предизвикаат замор на очите, болка во главата и напрегање при фокусирање.

Читањето на различни фонтови на различни оддалечености и често менување на фокусот од близина на далечина на објектите доведува до замор на очниот мускул.

Секојдневната употреба на дигиталните уреди, работата на близина и престој во услови на вештачко осветлување предизвикуваат главоболка и замор на очите.

Relax Reading Digital се персонализирани диоптерски стакла наменети за лица кои чувствуваат замор при работа на близина, користејќи дигитални уреди и читање на печатени содржини. Овозможуваат опуштен вид и природна положба на главата и телото во текот на секојдневните активности, употребата на дигиталните уреди и долготрајното читање.

Face Fit – За унапредување на карактеристиките на ова диоптерско стакло во изработката се користат просеќни вредности на пантоскопски агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца.

Relax Reading Digital се диоптерски стакла изработени во комбинација на напредни технологии, достапни во три адиции 0.50/0.75/1.00. Идеално решение се за лица кои се на прагот на презбиопијата.

Дизајнот, комфорот и перформансите на диоптерското стакло можат дополнително да се унапредат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците од избраниот диоптерски оквир и единствените параметри на корисникот се добива унапредено индивидуално диоптерско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.