featured image Назад на Стакла за заштита од сонце

Фотосензитивни стакла

Се поголем број на носители на очила сакаат да имаат еден пар модерни очила што можат да ги користат и во затворени простории и на отворено. Со помош на модерната технологија, денес е можно да имате просирни офталмолошки стакла кои потемнуваат во одреден процент при излегување на отворено и во контакт со УВ зраци, а со тоа ве штитат од штетни УВ зраци.

Ова се фотосензитивни стакла. Оваа модерна технологија му овозможува на корисникот исклучително проsирни леќи во затворен простор, и исклучително темни леќи на отворено, а времето на затемнување на стаклата и враќање на стаклата во проsирна состојба е многу кратко.

Grossoptic нуди две марки на фотосензитивни стакла во своето портфолио - премиум фотохроматски стакла Transitions и стандардни фотохроматски стакла Sunshade.

Transitions Signature GEN 8 е најновата генерација на фотохроматски стакла Transitions, развиена по 5 години континуирана работа и истражување. Резултатот се фотосензитивни стакла кои имаат подолг животен век од претходните генерации, се затемнуваат побрзо и побрзо се враќаат во проsирна состојба во затворен простор, даваат посилен интензитет на бојата, имаат поголема постојаност на бојата.

Достапни бои за врвни фотохроматски стакла Transitions GEN 8 леќи - кафеава, сива, зелена.

Достапни бои за стандардни фотохроматски стакла Sunshade - кафеава и сива боја.