Диоптриски стакла во боја

Диоптриските стакла можат да бидат обоени во низа модерни бои со различен процент на затемнетост.

Боењето обезбедува заштита на окото од сончево зрачење, како и од УВ зрачење.

Mirror – ефект на огледало

Ефектот на огледало е слој што се нанесува на надворешната површина на стакла во шест различни и многу атрактивни нијанси.

Фотосензитивни стакла

Сè поголем број носители на очила за вид сакаат да имаат еден пар модерни очила што можат да ги користат и во затворени простории и на отворено.

Со помош на модерната технологија, денес е можно да имате проsирни офталмолошки леќи кои потемнуваат во одреден процент на боја при излегување на отворено и во контакт со УВ зраци, а со тоа ве штитат од штетни УВ зраци.

Поларизирани стакла

Отсјајот на сонцето на влажни или рамни површини создава многу непријатно чувство за очите, особено за возачите додека возат.

Секој отсјај или блесок при возење што доаѓа од патот или од површината покрај патот претставува непријатност за возачот и потенцијален ризик за безбедноста при возење.