
Фотосензитивни стакла
Се поголем број на носители на очила сакаат да имаат еден пар модерни очила што можат да ги користат и во затворени простории и на отворено. Со помош на модерната технологија, денес е можно да имате просирни офталмолошки стакла кои потемнуваат во одреден процент при излегување на отворено и во контакт со УВ зраци, а со тоа ве штитат од штетни УВ зраци.
Ова се фотосензитивни стакла. Оваа модерна технологија му овозможува на корисникот исклучително проsирни леќи во затворен простор, и исклучително темни леќи на отворено, а времето на затемнување на стаклата и враќање на стаклата во проsирна состојба е многу кратко.
Grossoptic нуди две марки на фотосензитивни стакла во своето портфолио - премиум фотохроматски стакла Transitions и стандардни фотохроматски стакла Sunshade.
Transitions Signature GEN S е најновата генерација на фотохроматски стакла Transitions, развиена по 5 години континуирана работа и истражување. Резултатот се фотосензитивни стакла кои имаат подолг животен век од претходните генерации, се затемнуваат побрзо и побрзо се враќаат во проsирна состојба во затворен простор, даваат посилен интензитет на бојата, имаат поголема постојаност на бојата.
Достапни бои за врвни фотохроматски стакла Transitions GEN S леќи - кафеава, сива, зелена.



Покрај стандардните бои, Grossoptic во понудата ги има и Transitions GEN S Style боите - Sapphire, Emerald, Amethyst, Amber i Ruby.





Достапни бои за стандардни фотохроматски стакла Sunshade - кафеава и сива боја.

