Blue Cut UV

Заштитен слој специјално развиен за луѓе кои поголем дел од денот го поминуваат во затворен простор изложени на штетното сино светло преку LED или LCD телевизори , монитори, лаптопи, таблет уреди, смарт телефони, GPS уреди.

Blue Cut UV заштита од потенцијално штетна сино-виолетова светлина и UV заштита.

Satin Coat

Премиум заштитен слој кој на стаклата им дава супериорни својства, ја зголемува визуелната острина на видот и го намалува заморот. Спречува задржување на капки вода, што го отежнува замаглувањето.

Збогатен е и со дополнителни антистатични својства кои оневозможуваат лепење на честички прашина и нечистотии.

Achromatic Plus

Заштитен антирефлексен слој без боја, кој обезбедува висока транспарентност и одличен визуелен комфор за корисникот.

Наменет е за широка употреба, дополнително ефикасен кај фотoграфирање, јавни настапи, популарни селфи или појавување пред камери.

Multi Coat

Стандарднен заштитен антирефлексивен слој, ја елиминира рефлексијата од диоптриската стакла и обезбедува максимална транспарентност од 99,8% светлина што стигнува до окото.

IDrive

IDrive е премиум зштитен слој кои ја намалува рефлексијата, ја изострува сликата и ја подобрува ефикасноста на стаклата за возење.

Овој заштитен слој се употребува исклучиво при изработка на стакла во рамка на Drive Koncept линија.

Заштита од УВ зрачење

УВ зраците ја оштетуваат нашата кожа и очите. Иако УВ зрачењето е невидливо, продолжената изложеност на УВ зраци може да предизвика сериозни здравствени последици.

Заштитниот слој ERP обезбедува максимална УВ 400 заштита за вашите очи и ткивото околу очите.

Обоени диоптриски стакла

Диоптриските стакла можат да бидат обоени во низа модерни бои со различен процент на затемнетост.

Боењето обезбедува заштита на окото од сончево зрачење, како и од УВ зрачење.

Mirror – ефект на огледало

Ефектот на огледало е слој што се нанесува на надворешната површина на стаклата во шест различни и многу атрактивни нијанси.