Blue Cut UV
Заштитен слој специјално развиен за луѓе кои поголемиот дел од своето време го поминуваат во затворен простор изложени на штетно сино светло преку LED или LCD телевизори, монитори, лаптопи, таблети, паметни телефони, GPS уреди.
Blue Cut UV заштита од штетно сино-виолетово светло и УВ-зрачење.
Satin Coat
Премиум заштитен антирефлексивен слој кој и дава на стаклата врвни својства, ја зголемува острината на видот и го намалува заморот. Спречува задржување на капки вода, го отежнува замаглувањето.
Исто така, има дополнителен антистатик слој кој спречува лепење на честички од прашина и други нечистотии.
Achromatic Plus
Заштитен антирефлексен слој без боја, кој обезбедува висока транспарентност и одличен визуелен комфор за корисникот.
Наменет е за широка употреба, дополнително ефикасен кај фотoграфирање, јавни настапи, популарни селфи или појавување пред камери.
Multi Coat
Стандарднен заштитен антирефлексивен слој, ја елиминира рефлексијата од диоптриската стакла и обезбедува максимална транспарентност од 99,8% светлина што стигнува до окото.
Заштита од УВ зрачење
УВ зраците ја оштетуваат нашата кожа и очите. Иако УВ зрачењето е невидливо, продолжената изложеност на УВ зраци може да предизвика сериозни здравствени последици.
Заштитниот слој ERP обезбедува максимална УВ 400 заштита за вашите очи и ткивото околу очите.
Обоени диоптриски стакла
Диоптриските стакла можат да бидат обоени во низа модерни бои со различен процент на затемнетост.
Боењето обезбедува заштита на окото од сончево зрачење, како и од УВ зрачење.
Mirror – ефект на огледало
Ефектот на огледало е слој што се нанесува на надворешната површина на стаклата во шест различни и многу атрактивни нијанси.