featured image Назад на Монофокални диоптриски стакла

Relax Opensense

Повеќето корисници на диоптриски очила носат монофокални диоптриски стакла. Без разлика дали станува збор за стакла за далекувидост, кратковидост или астигматизам, потребно е да се обезбеди јасен вид без периферни пречки.

Relax Opensense се персонализирани диоптриски стакла изработени со напредна Freeform технологија. Тие обезбедуваат добар периферен вид без деформација на сликата, адаптацијата е побрза и полесна, а видот е појасен и подобар. Овие стакла се најдобро решение за чувствителните корисници и оние кои имаат потешкотии да се навикнат на нови очила.

Relax Opensense диоптриските стакла се направени за целосно да одговараат на вашите индивидуални параметри и со тоа да обезбедат беспрекорен вид.

За да се добие оптимална дебелина на стаклото за избраната рамка, Grossoptic нуди користење опција за оптимизација на дебелината.

Карактеристики:

Унапредена острина на сликата

Подобра перцепција на бои

Подобрен контраст

Широко видно поле

Лесна адаптација

Индивидуални параметри

Периферен вид без астигматски пречки

Relax Opensense стаклата имаат универзална примена, тие се погодни за сите временски услови и за носење цел ден, и во затворени простории и на отворено.