featured image Назад на Drive Концепт стакла

Прогресив Drive PRO

Денешниот начин на живот бара секојдневно возење кое често трае и по неколку часа. Условите за возење се променливи во зависатност од временските услови во текот на денот. При тешки и променливи услови потребни се јасен вид, добар поглед на патот, контролната табла и ретровизорите.

Drive PRO се премиум прогресивни диоптерски стакла, дизајнирани како би овозможиле удобно и безбедно возење. На корисникот му обезбедуваат широка зона за далечина без аберации и јасен поглед на ретровизорите.

Drive PRO FreeForm прогресивните стакла, дизајнирани се за услови за возење, изработени во комбинција на напредна технологија и IDrive заштитен слој кој ја намалува рефлексијата и го подобрува контрастот.

Face Fit – за унапредени карактеристики на ова диоптерско стакло при изработка се користи просечна вредност на пантоскопскиот агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца.

Широкото видно поле го подобрува видот за далечина, со намалени движења на окото. Зоната за далечина е проширена за 180°, што овозможува поглед кон ретровизорите. Зоната за средна далечина дава јасен вид во поглед на инструмент таблата.

Drive PRO им oбезбедува на возачите:

Подобрен квалитет на видот во текот на ноќно возење

Поголема безбедност при возење

Поголема удобност

Помало напрегање на очите

Помал замор

Дизајнот, удобноста и перформанси на Drive PRO диоптерските стакла можат додатно да се унапредат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на одбраната диоптерска рамка и единствените параметрите на корисникот, се добива диоптерско стакло со унапредени оптички карактеристики.

*Drive PRO прогресивни диоптерски стакла се порачуваат исклучиво со IDrive заштитен слој.