featured image Назад на Бифокални стакла

Bifo FF

Bifo FF се бифокални стакла кои на корисникот му обезбедуваат корекција за далечина и близина.

Бифокалните стакла се одлично решение за корисници за кои не е потребна корекција на видот за средна оддалеченост. За разлика од класичниот бифокал кај кого е јасно видлива линијата на разграничување , кај Bifo FF е речиси скоро целосно невидлива .

Новите технологии даваат можности да не се прави компромис помеѓу добриот вид и добриот изглед. Дигиталниот процес на производство овозможува линијата на разграничување на сегментот да биде скоро невидлива. Покрај атрактивниот изглед важна карактеристика е и природната визуелена перцепција без дисторзија.

Bifo FF стаклата се одличен избор за добар вид и атрактивен изглед. Се препорачуваат за генерална употреба и целодневно користење.

Широко видно поле без абареции

Комфорен преод помеѓу делот за далечина и сегментот за близина

Нема ограничување во поглед на материјалот и третманот

Прецизен фокус

Подобра естетика

Дизајнот, комфорот и перформансите на Bifo FF диоптерските стакла можат дополнително да се унапредат со воведување на индивидуални параматри. Земајќи ги во предвид податоците на одбраната диоптерска рамка и параметрите на корисникот, се добива диоптерско стакло со унапредени оптички карактеристики.