MAX

„MAX“ е бренд кој потекнува од производствениот погон на компанијата Grossoptic.

„MAX“ се карактеризира со уникатност на колекцијата, хармонични тонови, како и широк спектар на модели кои одговараат на сите генерации. Во рамките на колекцијата MAX можете да најдете модели за деца, млади, за сериозни и деловни клиенти, како и како за клиенти во зрели години.

Safilo

Safilo е светски лидер во дизајнот, производството и дистрибуцијата на очила за сонце, оптички рамки, спортски очила и сродни производи.

Благодарение на големата мајсторска експертиза која датира од 1878 година, Safilo ги трансформира своите дизајни во високо квалитетни производи според италијанската традиција.

Grossoptic ги дистрибуира следниве брендови Safilo:

Главни брендови:

Carrera, Polaroid и Safilo

Лиценцирани брендови:

Fendi, Boss, David Beckham, Elie Saab, Fossil, Givenchy, HUGO, Jimmy Choo, Levi’s, Love Moschino, Marc Jacobs, Moschino, Pierre Cardin и Tommy Hilfiger.

Etnia Barcelona

Etnia Barcelona изработува очила од природни материјали, и користи стакла од минерални кристали.

Минералните стакла Barberini изработени од чист кристал, најнапредни во светот, се отпорни на удари, гребнатини, високи температури, статички електрицитет и содржат три слоја на антирефлекс.

Уметноста, културата и креативноста ги инспирираат нивните живописни дизајни и начинот како да го видиме светот подобро.

Нивното искуство и знаење се протегаат наназад повеќе од 70 години. Тие користат занаетчиски техники веќе 20 години за да создадат највисок квалитет на очила на пазарот. Етнија Барселона ги предизвикува сите да се изразат бестрашно. Тие се боја, уметност и култура – но повеќе од сè, тие се град полн со живот – Барселона. Работа со природни материјали како памук, дрво и стакло, обезбедува максимална удобност и оптимално визуелно искуство. Квалитетните материјали го продолжуваат животниот циклус на нивните производи. Нивната трајност придонесува за намалување на влијанието на човекот врз животната средина.

Charmant

Нивните корени се поникнати во Јапонија, земја што е толку разновидна, колку што е и фасцинантна, каде групата CHARMANT е основана од Каору Хорикава во 1956 година.

Иако денес работаат глобално, тие остануваат верни на нивните изворни јапонски вредности. Нивната корпоративна филозофија и производствен етос ги водат овие вредности, грижејќи се прецизноста и квалитетот секогаш да бидат прв приоритет во сè што прават.

Charmant брендовите што можете да ги најдете во понудата на Гросоптиц се Esprit, Elle, Charmant Titanium Perfection, Charmant Z.

Menrad

Во 1896 година, златарот Фердинанд Менрад ја основа својата компанија „Wurttembergische Optische Industrie-Anstalt Ferdinand Menrad“ во Швебиш Гминд, која подоцна стана групација и моментално опфаќа осум брендови: Menrad, Blueberry, BOGNER, Davidoff, Jaguar, Joop!, Morgan, Revo.

Grossoptic го дистрибуира брендот Јагуар.

Колекцијата очила JAGUAR се прикажува во уникатната елеганција моделирана според дизајнот на спортскиот автомобил JAGUAR. Дизајнерската патека од автомобилот до очилата е тесно поврзана. Сличноста е видлива во деталите на јаглеродни влакна, зрна од дрво и квалитетни материјали кои ја карактеризираат колекцијата. Формите на стаклата се тесно поврзани со јазикот на дизајнот на автомобилот, како и преносот на боите што дополнително ја додаваат магијата на JAGUAR на овие рамки, што ги прави да бидат навистина пожелни производи за мажи.