featured image Назад на Диоптерски стакла

Relax Reading Digital

Диоптриски стакла за дигитален животен стил. Relax Reading Digital се персонализирани диоптриски стакла наменети за луѓе кои чувствуваат замор кога работат одблизу и при користење дигитални уреди. Тие помагаат на окото полесно да се фокусира, овозможуваат опуштен вид и природна положба на главата и телото. Тие се идеално решение за луѓето на прагот на презбиопија.

Современиот дигитален животен стил ги менува нашите дневни навики и однесување. Секојдневните активности со употреба на дигитални уреди можат да предизвикаат замор на очите, главоболки и напрегање при фокусирање.

Читаме различни фонтови на различни растојанија и на тој начин ги напрегаме мускулите на окото, а покрај тоа, честопати го менуваме фокусот од близу до далечни предмети.

За да му помогне на окото полесно да се фокусира, Grossoptic разви Relax Reading Digital стакла.

Relax Reading Digital се персонализирани диоптриски стакла изработени со напредната Freeform технологија. Тие му помагаат на окото полесно да се фокусира, овозможуваат опуштен вид и природна положба на главата и телото за време на секојдневните активности, употреба на дигитални уреди и при долготрајно читање.

Карактеристики:

Окото се фокусира полесно

Природна положба на главата и телото

Опуштен вид

Подобрена острина на сликата

Универзална примена

Индивидуални параметри

Широко видно поле без аберација

Диоптер за далечина и блага корекција на видот на близина

Relax Reading Digital се персонализирани FreeForm стакла направени според индивидуални параметри.