Услови за користење
Известување: СО КОРИСТЕЊЕ НА ОВОЈ ИНТЕРНЕТ САЈТ, ПОВРДУВАТЕ ДЕКА ВИЕ СТЕ ГИ ПРОЧИТАЛЕ, РАЗБИРАЛЕ И ПРИФАТИЛЕ СИТЕ НАВЕДЕНИ УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ (во натамошниот текст „УСЛОВИ“) И СЕ СОГЛАСУВАТЕ ДЕКА СТЕ ОБВРЗНИ ДА ГИ ПОЧИТУВАТЕ, КАКО И СИТЕ ДРУГИ ПРИМЕНЛИВИ ЗАКОНИ И ПРОПИСИ. ДОКОЛКУ НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ, НЕ ГО КОРИСТЕТЕ ОВОЈ ИНТЕРНЕТ САЈТ.
КОМПАНИЈАТА ГРОСОПТИК ДОО УМКА ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ДА ГИ МЕНУВА УСЛОВИТЕ ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ СО ВНЕСУВАЊЕ ПРОМЕНИ ВО ОВОЈ ТЕКСТ. СЕ ПРЕПОРАЧУВА ДА ЈА ПОСЕТУВАТЕ ОВАА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦА ОД ВРЕМЕ НА ВРЕМЕ И ДА ПРОВЕРЕТЕ ДАЛИ УСЛОВИТЕ СЕ ПРОМЕНИЛЕ ОД ВАШАТА ПОСЛЕДНА ПОСЕТА.
Лични податоци
Ве молиме имајте ја предвид нашата Политика на приватност во врска со заштитата на податоците.
Содржина
Материјали како што се слики, фотографии, логотипи, видео филмови и текст („материјал“) се користат на сајтот www.grossoptic.com („сајтот“).
Материјалот е сопственост на компанијата Гросптик доо (Grossoptic doo), Тринаестог октобра 13, Умка, 11260 Белград, и е заштитен со одредбите од законот за авторски права, законот за заштитен знак и законот за дизајн. Секоја употреба на материјалот надвор од чисто приватна цел бара претходна писмена согласност од компанијата Гросоптик. Истото важи и за секоја измена на материјалот, особено за превод или која било друга форма на обработка, како и за секој пренос на материјал.
Според тоа, содржините објавени на интернет сајтот на Grossoptic може да се користат само за некомерцијални цели, при што мора са се почитуваат и сите наведени предупредувања за авторските права.
Ако сакате да ги користите содржините објавени на овој инернет сајт за цели други од наведените, треба да контактирате со нас за да добиете дозвола.
Одрекување од одговорост
Ако корисникот го преземе материјалот или го користи во која било друга форма, тоа го прави на свој ризик. Компанијата Grossoptic нема да биде одговорна за какви било загуби што корисникот може да ги претрпи во овој поглед, особено доколку се работи за податоци, хардвер или софтвер. Ова не влијае на одговорноста за намера и груба небрежност. Гросоптик не прифаќа никаква одговорност за каква било повреда на правата на трети лица.
Овој веб сајт им се нуди на корисниците во форма во која е, без гаранции од било каков вид. Сите содржини и информации на сајтот им се презентираат на корисниците со најдобра намера и под претпоставка дека се вистинити. Информациите на овој сајт се внимателно собрани и проверени. Компанијата Гросоптик, меѓутоа, не прифаќа никаква одговорност за точноста, ажурноста и комплетноста на информациите. Овој сајт дава општи информации кои во никој случај не ги заменуваат советите на лекарите или експертите.
Информациите на овој сајт може да содржат технички неправилности, неточности или печатни грешки. Информациите може да се променат без претходна најава. Уредништвото не презема никаква одговорност за каква било штета, директна или индиректна, предизвикана на компјутерите при користење на овој веб сајт. Уредниците го задржуваат правото да ја променат содржината на Условите за користење на страницата без претходна известување.
Корисниците не треба да се потпираат на информации од овој веб сајт, туку да поднесат директно барање до соодветната инстанца.
Уредништвото не нуди никакви гаранции во врска со информациите на овој веб сајт и не е одговорно за потенцијални штети, директни или индиректни, што можат да произлезат од користењето на информациите од овој веб сајт.
Користењето на услугите на овој Интернет сајт е одобрено за возрасни. Употребата и користењето на веб сајтот од страна на деца е дозволено само под надзор на родители и/или старатели и тие се должни да се грижат за тоа. Во спротивно, тие ги преземаат сите права и обврски што произлегуваат од таквата употреба, а компанијата Grossoptic doo не е одговорна за какви било последици од таквата употреба.
Обврски на посетителите/корисниците на сајтот
Со цел ефикасно, безбедно и непречено користење на содржината која е на веб -сајтот, не е дозволено:
објавување, испраќање, размена и пренос на информации за кои посетителот знае или претпоставува дека се лажни или кои ги повредуваат правата на другите лица;
лажно претставување, односно претставување во име на некое друго, правно или физичко лице;
објавување, испраќање, размена и пренос на содржина што е во спротивност со важечките прописи;
собирање, чување и објавување лични податоци на други посетители на сајтот;
објавување, размена и испраќање несакана содржина на корисниците без нивна согласност или барање, како што се промотивни материјали, рекламни пораки, спам пораки, верижни писма, промотивни и рекламни материјали кои содржат лажни информации, наводи или тврдења што можат да ги измамат корисниците;
менување, попречување, пресретнување или хакирање на веб сајтот со цел тој да се онеспособи;
објавување или пренесување на Интернет сајтот на секој материјал што е заканувачки, клеветнички, непристоен, навредлив, порнографски или злоставувачки. Исто така материјал што може да иницира расна омраза, предизвикување вознемиреност или каква било непријатност поради кршење на приватноста и довербата со одредени дискриминаторски, заканувачки или провокативни коментари;
користење на специјализирани програми заради преземање содржина од сајтот.
Ако прекршите некој од овие Услови, може да ве спречиме да го користите овој интернет сајт на траен или привремен ниво. Може да преземеме и други мерки, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на тоа да ве пријавиме кај надлежните државни органи, да испратиме предупредување или да поднесеме тужба.
Ви благодариме што го посетивте нашиот интернет сајт.