Задна vertex distanca

Задната вертекс дистанца (BVD) е растојание на окото од внатрешната површина на стаклото.

Просечната вредност е 12мм.

Пантоскопски агол

Пантоскопскиот агол е агол на наклонот на рамката во однос на вертикалната рамнина.

Просечната вредност е 7°.

Далечина за читање

Растојанието на читање е различно за дигиталните и печатените медиуми.

Во просек се движи од 30 см до 40 см.

Агол на закривување на рамката

Аголот на закривување на рамката зависи од моделот на рамката. Се мери со помош на карта за да се одреди аголот на закривеност.

Просечниот параметар е 5°.

Растојание помеѓу зениците

Растојанието помеѓу зениците може да биде различно за левото и десното око, затоа е потребно да се измери монокуларното растојание, одделно за левото и десното око.

Висина на вградувањето

Висината на вградувањето се мери одделно за десното и левото око. Висината на вградувањето е растојанието од позицијата на центарот на зеницата, означено на формата, до најоддалечената точка на окуларот.

Оваа измерена вредност мора да биде поголема од минималната висина на вградувањето дадена за одреден прогресив модел и претставува критериум за избор на прогресив модел и прифаќање на рамката како соодветна за вградувањето.