featured image Назад на Диоптерски стакла

MyoFocus

Миопијата се почесто јавува кај деца и претставува значајна закана за здрав вид на детето. Причините за настанокот на миопија се поврзани со генетиката, навиките и условите во околината. Лицето кое има миопија не гледа добро предмети кои се далеку, затоа што зраците на светлината кои влегуваат во окото се фокусираат пред мрежницата наместо на самата мрежница. Аксидалната миопија се јавува поради прекумерно издолжување на очното јаболко, кога растот на очното јаболко е поголем отколку што би било очекувано за возраста на детето. Во тој случај, неопходно е да се користи решение кое ќе го успори издолжувањето на очното јаболко.

Целта на управувањето со миопијата е да се намали издолжувањето на очното јаболко.

Миопијата е многу повеќе од рефракциона грешка, бидејќи ако прогресијата на миопијата не се контролира, таа може да биде проследена со болести на окото, како што се дегенерација и аблација на ретината, глауком, миопна макулопатија… Затоа е многу важно активно да се управува со миопијата, за да се намали ризикот од неповратни оштетувања на видот и болести кои можат да се јават како последица од висока миопија.

За да се намали растот на диоптријата и прогресијата на миопијата, треба да се користат диоптриски стакла за забавување на развојот на миопијата.

MyoFocus диоптриски стакла се резултат на детални истражувања и развој, произведени со Free-form технологија. MyoFocus стаклата го забавуваат развојот на миопијата и го успоруваат прекумерното аксијално издолжување на очното јаболко, за разлика од стандардните монофокални сферични и асферични стакла.

Ги забавуваат развојот на детската миопија така што го намалуваат издолжувањето на очното јаболко

Овозможуваат беспрекорен вид во полињата на јасен вид

Овозможуваат врвен комфор сличен на редовните монофокални стакла

Одлично се вклопуваат во природниот изглед без видливи траги и линии на стаклата

Научно потврдена ефикасност

Клиничките испитувања на овие стакла се спроведени во Шпанија на европска популација, согласно со препораките на Меѓународниот институт за миопија. Резултатите од студијата покажале дека MyoFocus стаклата го намалуваат развојот на миопијата во споредба со употребата на стандардни монофокални стакла. Конкретно, растот на аксијалната должина на очното јаболко бил 39% помал во групата испитаници кои носеле MyoFocus стакла, во споредба со контролата на групата која носела стандардни монофокални стакла.

Ефикасноста на MyoFocus стаклата зависи од тоа колку часови децата ги носат очилата. Затоа сметаме дека е многу важно да се избере рамка кој најдобро одговара на физиономијата на детето. Клучно е детето постојано да ги носи очилата и тие да му бидат удобни.

Совети за деца и родители за време на носење на MyoFocus стакла:

MyoFocus диоптриските стакла треба да се носат што повеќе, освен кога детето спие и кога се занимава со активен спорт.

Проверете дали оддалеченоста на предметите кои се користат за работа на близина е 40 см од окото (на пример оддалеченоста од окото до книгата).

Во текот на периодот на адаптација треба да се избегнуваат активни спортови и возење било какво превозно средство.

Редовна проверка дали рамката добро стои на носот на детето.

Поминувајте што повеќе време на отворено.

Ограничете ги активностите кои бараат гледање на близина.