Терапевтски индикации
Миопија / Хиперметропија, Астигматизам, Презбиопија
Терапевтски индикации
Миопија / Хиперметропија, Астигматизам, Презбиопија
Кратковид човек може јасно да ги гледа предметите во непосредна близина, додека има потешкотии при фокусирање на далечните предмети.
Кои се причините за миопија?
Кратковидоста се јавува кога очното јаболко е издолжено. Оваа форма предизвикува светлосните зраци да се фокусираат пред мрежницата, што го отежнува гледањето на далечина.
Симптоми на кратковидоста
Офталмолог може да дијагностицира миопија со едноставен преглед.
Најчестите симптоми се:
- Заматен вид на далечина
- Замор на очите
- Главоболка и
- Потреба од мижуркање за да се изостри сликата на далечина
Третмани на миопијата
Повеќе Детали
Кратковидоста лесно се коригира со пренасочување на светлосните зраци кон мрежницата на окото.
Ова обично се постигнува со:
- диоптриски очила,
- контактни леќи,
- хируршка интервенција.
Далекувидно лице може јасно да види далечни предмети, а заматени предмети во близина.
Кои се причините за хиперметропија?
Далекувидноста се јавува кога очното јаболко е пократко од нормалното, што доведува до фокусирање на сликите зад мрежницата. Како резултат, леќата мора да вложи повеќе напори за да ја фокусира сликата на мрежницата.
Третмани на хиперметропијата
Повеќе Детали
Далекувидноста лесно се коригира со пренасочување на светлосните зраци кон мрежницата на окото.
Ова обично се постигнува со:
- диоптриски очила,
- контактни леќи,
- хируршка интервенција.
Астигматизмот е рефрактивна аномалија на окото што се јавува поради неправилна форма на рожницата или леќата на окото. Нормалната рожница е кружна како фудбалска топка, додека кај астигматизмот е малку закривена, елипсоидна, како рагби топка.
Симптоми
Кај астигматизмот, светлосните зраци не се прекршуваат рамномерно, па и блиските и далечните предмети се замаглени или искривени, создавајќи ефект на гледање низ брановидно стакло. Астигматизмот може да се појави и кај кратковидните и кај далекувидите луѓе.
Вообичаени симптоми на астигматизам се:
- Предметите и од близу и од далеку изгледаат заматени
- Главоболка или напрегање на очите
- Постојано мижење со очите
- Тешкотии при возењето ноќе
Третмани
Повеќе Детали
Бидејќи астигматизмот се јавува поради нерамномерна распределба на светлосните зраци, тој се корегира со нивно фокусирање на една рамнина.
Ова се постигнува со различни видови на офталмолошки корекции, вклучувајќи:
- диоптриски очила,
- контактни леќи,
- хирургија.
Презбиопија е физиолошка состојба што се јавува околу четириесеттите години од животот, кога окото повеќе не може да ги фокусира блиските предмети.
Како се јавува презбиопијата?
Кај младите, очните леќи се флексибилни, нивната форма лесно се менува така што едно лице може да гледа слики од различни растојанија. Како што стареат, кристалните леќи ја губат еластичноста, а очите потешко се прилагодуваат како би се фокусирале на блиските предмети.
Симптоми на презбиопија
Често симптомите на хиперметропија се мешаат со симптомите на презбиопија. Овие две состојби се јавуваат поради различни причини: хиперметропија е последица на несовршеност на рожницата, додека презбиопија е последица на губење на флексибилноста на леќата. Најчестиот симптом на презбиопија е заматен вид при читање, шиење, користење на мобилен телефон или каква било активност што бара остар вид одблизу. Може да почувствувате и главоболки, напрегање на очите или замор.
Лечење на презбиопија
Повеќе Детали
Постојат неколку опции за офталмолошки корекции за луѓе со презбиопија, вклучувајќи ги тука и контактните леќи.
Мултифокалните контактни леќи Bausch + Lomb имаат прогресивен дизајн со 3 зони, што овозможува јасен вид на секое растојание – блиско, далечно и средно растојание.