featured image Назад на Drive Концепт стакла

Drive ID

Денешниот начина на живот бара секојдневно возење кое често трае и по неколку часа. Условите за возење се променливи во зависност од временските услови во текот на денот. При тешки и променливи услови потребни се јасен вид, добар поглед на патот, контролната табла и ретровизорите.

Drive ID е монофокално персонализирано диоптерско стакло за возење изработено со FreeForm технологија. Се одликува со унапредени оптички карактеристики и широко видно поле во споредба со стандардните диоптерски стакла.

Овие стакла се погодни за возачи со диоптерска корекција и за возачи без диоптерска корекција. IDrive заштите слој кој е составен дел на диоптерското стакло ја намалува рефлексијата и ја подобрува ефикасноста.

Face Fit – за унапредени карактеристики на ова диоптерско стакло при изработка се користи просечна вредност на пантоскопскиот агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца.

Drive ID им oбезбедува на возачите:

Поголема удобност во текот на возењето

Помал одсјај од фаровите на возилата кои доаѓаат од спротивна насока

Побрзо откривање на пречките

Подобар периферен вид и јасен поглед на контролната табла и ретровизорите

Дизајнот, удобноста и перформансите на Drive ID диоптерските стакла можат додатно да се унапредат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на одбраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот, се добива диоптерско стакло со унапредени оптички карактеристики.

*Drive ID монофокални диоптерски стакла се порачуваат исклучиво со IDrive заштитен слој.