featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив Optima DualDigital X

Optima Dual Digital X прогресивите се дизајнирани да се прилагодат на барањата на модерната дигитална ера и потребите на активните пресбиопи кои бараат јасен и стабилен вид во многу динамично опкружување на денешницата.

Уникатниот дизајн на основата на ова прогресивно стакло обезбедува супериорна удобност во зоната за близина и во зоната за читање. Користење на периферниот вид, намалувањето на „лебдечки ефект“ и ниското ниво на вкупни аберации се дополнителни предности на овој иновативен дизајн.

Варијабилна базна кривина - Уникатниот дизајн на двете страни на основата на стаклото обезбедува идеална површина за создавање извонредни оптички прогресивни карактеристики на сите растојанија.

Face Fit – За унапредување на карактеристиките на ова диоптерско стакло во изработката се користат просеќни вредности на пантоскопски агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца.

Во споредба со стандардните прогресиви, стаклата со варијабилна база се потенки и полесни, обезбедувајќи пошироко видно поле на сите растојанија.

Optima Dual Digital X прогресивните стакла се наменети за активни корисници кои сакаат јасен вид во сите прилики и овозможуваат максимален комфор и естетика без разлика на јачината на диоптријата.

Широко видно поле на сите растојанија

Подобрена зона за читање

Стабилност и намален „лебдечки“ ефект

Подобра перцепција на предметите во просторот

Потенки и полесни стакла

Лесна адаптација

Дизајнот, удобноста и перформансите на прогресивот Optima Dual Digital X можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.