featured image Назад на Прогресивни стакла

Прогресив Optima Plus

Optima Plus прогресивните стакла претставуваат основен модел на прогресиви изработени по FreeForm технологија.

Одредени личности кои се на прагот на презбиопијата сакаат прогресивен модел кој е функционален за секојдневна употреба со комфор на далечина и задоволитена зона за читање, а за кој не е потребен период на адаптација.

Овој модел на прогресив е достапен во широка палета на материјали и дава можност за избор на различни модели на диоптерски рамки. Материјалите се збогатени со различни висококвалитетни заштитни слоеви.

Optima Plus е дизајниран за корисници кои сакаат прогресивно стакло со универзална примена и краток период на адаптација.

Функционален за секојдневна употреба

Погоден и за мали оквири

Брз период на адаптација

Дизајнот, удобноста и перформансите на прогресивот Optima Plus можат дополнително да се подобрат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците на избраната диоптерска рамка и единствените параметри на корисникот се добива подобрено индивидуално диоптриско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.