featured image Назад на Relax линија на стакла

Relax Opensense

Најголемиот број корисници на диоптерски стакла носат монофокални диоптерски стакла. Без разлика дали се работи за далекувидост, кратковидост или астигматизам, неопходно е да се обезбеди јасен вид без периферни нарушувања.

Relax Opensense обезбедуваат по јасен вид од стандардните монофокални стакла и се најдобро решение за целодневно носење. Обезбедуваат висококвалитетен, остар и јасен вид со широко видно поле без деформација на сликата во периферијата. Пријатни се за долготрајно носење и корисниците лесно ги прифаќаат.

Face Fit – За унапредување на карактеристиките на ова диоптерско стакло во изработката се користат просеќни вредности на пантоскопски агол, закривеност на диоптерската рамка и задна вертекс дистанца.

Relax Opensense стаклата се најдобро решение за осетливи корисници кои имаат потешкотии при навикнување на нови очила. Relax Opensene стаклата имаат универзална примна, соодветни се за сите временски прилики и за носење во текот на целиот ден, како во затворено, така и во отворен простор.

Дизајнот, комфорот и перформансите на диоптерското стакло можат дополнително да се унапредат со воведување на индивидуални параметри. Земајќи ги во предвид податоците од избраниот диоптерски оквир и единствените параметри на корисникот се добива унапредено индивидуално диоптерско стакло кое во целост одговара на карактеристиките на корисникот.